972361_315195735291058_167720378_n

Image  —  Posted: Август 14, 2013 in Uncategorized

24 Вести

ВИДЕО: „АМАН“ ќе продолжи со протестите

Нови протести, а не е исклучена ниту опцијата за референдум, најавија активистите на граѓанската иницијатива Аман откако денеска пратениците ја отфрлија нивната иницијатива за промени на Законот за енергетика. Против предлогот на Аман гласаа 49 пратеници, 11 беа воздржани, а 4 гласаа за прифаќање на граѓанската иницијатива со која бара враќање на евтината дневна струја, како и да се укунат плаќањата на граѓаните за услуги кои што не ги користат. Гласањето се вршеше во отсуство на пратениците од опозицијата.

Инцијативата ја подржаа пратениците од партијата НДП и ДПА, додека пратениците од ДУИ гласаа воздржано. Против беа пратениците од најголемата владеачката партија.

Од Аман порачаа дека пратениците им свртеа грб на граѓаните, иако не беа изненадени од денешното гласање откако претходно двете владини комисии се произнесоа против барањето за промена на Законот за енергетика.

Најава за нови протести

Барањата за струјата и парното остануваат, но од Аман најавуваат дека ќе ги активираат и останатите барања со кои го почнаа протестот пред шест месеци.

„Сите легални граѓански форми на реагирање се во опција, па ако треба ќе собираме и потписи за референдум, иако знаеме колку тешко се реализираат таквите активности поради притисоците, какви што имавме за време на собирањето и на овие 10.000 протписи. Но,не се плашиме и нема да подлегнеме на притисоци и закани“, изјави Петрит Сарачини, активист на АМАН на прес конференцијата која се одржа вечерва.

Од АМАН истакнаа дека спремни и за разговор со претставници на Регулаторната комисија за енергетика и државните институции, кои како што рекоа, ќе  ги држат за збор и ќе побараат да го остварат  кажаното во врска со ангажираната моќност односно дека за 33 проценти можат да бидат намалени сметките за  домаќинствата.

Извор: Фактор

                                                                                                      Пратениците во Собранието со 49 гласа „за“, 4 „против“ и 11 „воздржано“ гласаа против измените во Законот за енергетика и ја отфрлија иницијативата на граѓанската иницијатива АМАН, со која се бараше да се врати ефтината дневна тарифа на електрична енергија и да не им се наплаќа надомест за топлинска енергија на корисниците во Скопје кои се исклучиле од системот.
Зорица Димовска, овластен предлагач на законот, во образложение  пред пратениците  побара да се прифатат барањата во интерес на егзистенцијата на граѓаните, којашто се загрозувала со постојанo зголемување на цената на електричната енергија и на парното греење.
Таа побара да се почитуваат потписите на 13.169 граѓани и да се свика јавна расправа со експерти за да им се помогне на потрошувачите на струја.
Сузана Салиу од ДУИ оцени дека барањето на АМАН е оправдано, разумно и реално и е во согласност со економските околности.
Според пратеничката од Социјалистичката партија Владанка Авировиќ, пак прифаќањето на барањето на АМАН за враќање на евтината дневна тарифа ќе значи покачување на цената на струјата. Поради тоа, посочи, пратениците се во ситуација да се решат за рационални или емотивни одлуки.
Барањето на АМАН е оправдано и за пратеникот од НДП Изет Зеќири. Реплицирајќи и на Авировиќ, тој изнесе тврдење дека  зголемувањето на цената на струјата е резултат на зголемените оперативни трошоци на енергетските компании ЕЛЕМ и МЕПСO за 346 проценти, кои не биле во функција на подбрување на енергетскиот систем.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Васко Пашевски истакна дека Собранието нема никакви ингеренции за барањата на АМАН и оти надлежна била Регулаторната комисија за енергетика, како независно тело.
Извор: 24 Вести

Навреди и непристојни коментари ѝ упатија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на Зорица Димовска, претставник на 13.169 граѓани кои предложија врќање на евтината дневна струја и ослободување на граѓаните од плаќање надоместоци за услуги од енергетските компании кои не ги користат.

Кој те подучуваше? На која партија ѝ припаѓаш? Треба да си одиш кај СДСМ…, беа дел од коментарите упатени до Димовска, која образложувајќи ги аргументите за барањето на граѓаните побара уште некоја минута за да го доврши она што сакаше да го каже.

- Јас не сум партиски определена. Ние сме граѓанска иницијатива, немаме лидер, но имаме разумна свест и сили да се активираме за правата на граѓаните.  – рече Димовска, одговарајќи на навредите.

Доколку сте решени да го отфрлите предлогот, на 13.169 граѓани, отфрлете го, рече Димовска, но барем почитувајте го мислењето на пратениците на ДУИ, ДПА и НДП кои ја поддржаа иницијативата.

- Предлогот сега го предавам во ваши раце, па вие одлучете. Ние си го кажавме нашето во текот на изминатите шест месеци и со собирањето на потписите – рече Димовска.

Повеќе +инфо

552157_3749465654402_1118041114_nПред малку во Собранието почна расправата по иницијативата на АМАН за враќање на дневната евтина тарифа, и да не се плаќа за услугите кои граѓните не ги добиваат.
„На 14 август лани стартувавме со протести со цел да ја запознаеме јавноста за нетранспарентното работете на Регулаторната комисија за енергетика. Поради таквото работење дојде до поскапување на струјата, на останатите енергенси. Се укина дневната евтина тарифа. Но, протестите не беа доволни, никој не сакаше да нѐ контактира, моравме да почнеме со протести. Протестиравме секоја недела почнувајчи пред Комисијата, а тие не почувствуваа потреба да ни се обратат“, изјави Зорица Димовска, овластениот предлагач на иницијативата.
Таа порача дека Хелсиншкиот комитет веќе се изјасни дека 11 од 15 донесени пропис на РЕКЕ не се легитимни.

„А имавме и закани, да не протестираме. И овде во собранието не нѐ дочекаа со почит, иако се пријавивме регуларно да ја следиме седницата за интерпелација на претседателот на РКЕ, тоа не ни беше дозволено. Останавме надвор. Нема да ви објаснувам колку труд, енергија и пари потрошивме, но ние сме само граѓанска иницијатива, обединета во борбата против поскапувањата. Ние сме 13 169 граѓани кои бараат промена на закон. Вам, како пратеници од народот Ви порачувам да нѐ поддржите, Вие сте последната инстанца што може да го пробие молкот на институциите“, вели Димовска.

На први август струјата поскапи за 10 %, а беше укината дневната евтина тарифа, затоа што според РКЕ така ќе се намалел увозот на струја. Граѓаните сега треба да перат по 22 часот, да станат ноќни птици.
„РКЕ реши дека поскапувањата се мајка на штедењето, или ќотекот по грбот на граѓаните е најдобра мерка за штедењето“, изјави Димовска од парламентарната говорница.
Таа порача дека животниот стандард е низок, платите не ги следат поскапувањата.

„Бараме да нѐ заштитите и да изгласате законска обврска со која секоја енергетска компанија мора да има дневна евтина тарифа. И граѓаните да не плаќаат за услугата која не ја добиваат, за парното греење.
Ако сте решиле да ја отфрлите иницијативата на АМАН, сторете го тоа. Но тоа ќе значи дека не ги почитувате барањата на граѓаните. Барем, почитувајте го ставот на ДУИ и ДПА. Тие нѐ разбраа. Да организираме јавна експертска дебата за ова, тогаш вистината ќе излезе на виделина“, заврши предлагачот на иницијативата на АМАН.

Извор: Фактор