Активист на „АМАН“ добивал закани по живот

Posted: Октомври 30, 2012 in Инфо

Закани по живот и безбедноста на семејството, вчера доцна попладне добил еден активист на граѓанското здружение „АМАН“, информираа од Здружението – пренесе Плусинфо.

Две непознати лица, вчера доцна попладне, во центарот на Скопје, насила запреле активист на „АМАН“, му покажувале слики од протестите со заокружени активисти и му рекле дека лошо ќе помине тој и неговото семејство, ако не запре со протестирање и собирање на потписи.

Од граѓанското здружение „АМАН“, велат дека не се сомневаат во никој, но за инцидентот ја информирале полицијата и мисијата на ОБСЕ во државава. Од институциите бараат брза реакција за пронаоѓање на заканувачите и нивно соодветно казнување.

- Влегуваме во опасна зона на закани, само да ја запреме иницијативата за собирање 10.000 потписи со кои бараме промена на Законот за енергетика. Нашите барања се граѓански, а не политички и затоа ќе продолжиме со иницијатива се до остварување на барањата. Ги повикуваме граѓаните да не се плашат и да ни се придружат со своите потписи – рече Васко Лазаревски од „АМАН“ на прес конференција која денеска ова здружение ја држеше пред зградата на влада.

Според Плусинфо пред да ја дадат изјавата активистите на „АМАН“ имаа мал инцидент со полицијата која бараше да се тргнат од троторот пред Влада, оти не го најавиле протестот, односно прес конференцијата.

- Апелираме, премиерот, да не го кочи процесот и што побрзо да го препрати нашето барање до Државната изборна комисија, за да можеме навреме да ја почнеме постапката за собирање 10.000 потписи, зашто времето изминува – порача Нада Чоревска од „АМАН“.

Извор:Либертас

About these ads

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s