И покрај тоа што се собрани потребните 10 000 потписи, иницијативата за собирање потписи на сите оние кои ги поддржуваат нашите барања продолжува. Тоа е така затоа што сè додека со ДИК не се средат техничките детали за затворањето на постапката, нам ни оди во прилог што повеќе граѓани, преку својот потпис, да застанат зад оваа иницијатива. На денот на предавањето на потписите во Собранието на Р. Македонија, тоа ќе значи дека сите тие граѓани дошле пред Народниот дом да побараат од своите претставници да ги изгласаат предлог-измените на Законот за енергетика: задолжителна дневна тричасовна евтина тарифа за електричната енергија и непостоење законска обврска на исклучените од топлинска енергија да плаќаат каков било надоместок.








