ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА

I.Вовед:

 

  1. Оцена на состојбите во областа што треба да се уреди со овој закон и причините за негово донесување

Со Законот за енергетика (Службен весник на Република Македонија бр.16/2011 и 136/2011) се уредува пазарот на електрична енергија, пазарот на природен гас, пазарот на сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт и пазарот на топлинска енергија, правата и обврските на енергетските субјекти.

Со овој закон е предвидено дека Владата на Република Македонија ја донесува Стратегијата за развој на енергетиката со која се утврдува и енергетската политика и заштитата на потрошувачите на енергија. Исто така, во Стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија до 2030 година (Службен весник на Република Македонија бр.61/2010) е предвидено дека покачувањето на цената на енергијата, а особено на електричната мора да биде во корелација со цените на останатите енергенти, како и со порастот на животниот стандард во Македонија.

Со овој закон се уредуваат и статусот и надлежноста на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Имено, според член 22 во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика е да донесува прописи, методологии за формирање на цени и тарифни системи за испорака на одделни видови правила за снабдување со електрична енергија, правила за снабдување со топлинска енергија и правила за снабдување со природен гас, правила за снабдување во краен случај со електрична енергија и правила за снабдување во краен случај со природен гас, донесува правила за пазарот на електрична енергија и правила за пазарот на природен гас, но и да се грижи за заштита и унапредувања на правата на потрошувачите на енергија и енергенти и корисниците на енергетските системи.

Следејќи ја работата на Регулаторната комисија за енергетика и актите кои ги донесува со кои ги определува тарифните системи за електричната енергија за домаќинствата како тарифни потрошувачи и како потрошувачи на снабдувачите во краен случај и Правилата за снабдување со топлинска енергија, може да се оцени дека домаќинствата како потрошувачи не се воопшто заштитени од постојано зголемување на цените на електричната енергија и монополската поставеност на дистрибутерите на топлинска енергија.

Од тие причини е потребно допрецизирање на законските одредби преку кои ќе се заштитат правата на домаќинствата како потрошувачи од подзаконските акти на Регулаторната комисија за енергетика, со кои се загрозува егзистенцијата на голем дел од граѓаните во Република Македонија.

  1. Цели, начела и основни принципи

Главната цел на Предлог Законот за дополнување на Законот за енергетика е заштита на економските и социјалните права на граѓаните на Република Македонија, гарантирани со Уставот на Република Македонија преку заштита од монополската поставеност на компаниите на енергетскиот пазар  и заштита од наметнување на обврски за услуги кои граѓаните не се согласуваат да ги користат.

Основните начела и принципи на кои се заснова овој Предлог Закон се:

1.    Социјална правда и економска благосостојба

2.    Владеење на правото

3.    Правото граѓаните да предлагаат донесување на закон

4.    Законот чие донесување се предлага, се заснова на Уставот на Република Македонија, а посебно на член 55 од Уставот во кој е наведено дека Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување

  1. Оцена на финансиските последици од Предлогот на Закон и врз Буџетот и другите јавни финансиски средства

Законските одредби чие донесување се предлага нема да предизвикаат финансиски последици врз Буџетот на Република Македонија.

  1. Процена на финансиските средства потребни за спроведување на законот и начинот на нивното обезбедување, како и податоци за тоа дали спроведувањето на законот повлекува материјални обврски за одделни субјекти

За спроведување на предложениот закон не се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот на Република Македонија и истиот не повлекува материјални обврски за одделени субјекти.

 

 

II. ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА

ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА

Член 1

Во Законот за енергетика (Службен весник на Република Македонија бр. 16/2011 и 136/2011 година) во членот 25 по ставот (3) се додаваат два нови става (4) и (5) кои гласат:

“(4) Во тарифните системи за продажба на електрична енергија на домаќинствата како тарифни потрошувачи и домаќинствата кои се снабдуваат преку снабдувачите во краен случај, Регулаторната комисија за енергетика задолжително вклучува цени на ниски дневни оптоварувањаво времетраење од 3 часа во текот на денот, во периодот од 10 часот до 18 часот.

(5) По цени на електрична енергија за време на ниски дневни оптоварувања, се пресметува електричната енергија испорачана во недела (од 00:00 до 24:00 часот).

Член 2

Во членот 28 по ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи:

„(3) Правилата од ставот (1) на овој член нема да важат за исклучените потрошувачи од електрична енергија, топлинска енергија или природен гас и истите не можат да бидат задолжени да плаќаат било каков надоместок.

Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (4) и (5).

 

Член 3

(1) Подзаконскиоте акти кои се донесуваат врз основа на членот 1 и 2 од овој закон Регулаторната комисија за енергетика ќе ги донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

(2) По влегувањето во сила на подзаконскиот акт од ставот 1 на овој член истиот   веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб локацијата на   Регулаторната комисија за енергетика.

 

 

Завршни одредби

Член 4

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија.

 

III. Образложение:

1.    Објаснување на содржината на одредбите од предлог законот

Предлог Законот го сочинуваат четири члена, од кои со членот 1 се додаваат два нови става 4 и 5 во членот 25 од Законот за енергетика, со членот 2 се додава нов став 3 во членот 28 од Законот за енергетика, со што ставивите 3 и 4 од членот 28 стануваат ставови 4 и 5, додека со членот 3 се утврдува времето во кое Регулаторната комисија за енергетика ќе треба да изврши менување и усогласување на подзаконските акти на кои овие одредби се однесуваат, а со членот 4 се уредува влегувањето во сила на овој закон.

Со членот 1 се предвидува воведување цени на ниски дневни оптоварувања од 3 часа во текот на денот и тоа во периодот од 10 часот до 18 часот, додека за денот недела (од 00:00 до 24:00 часот) се предвидуваат цени на ниски дневни оптоварувања во текот на целиот ден. Овие одредби понатаму ќе бидат, по стапувањето во сила на законот, ќе бидат задолжителни за Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија при донесувањето на Тарифни системи. Ваквата законска регулација е неопходна со цел да се заштитат потребите и правата на домаќинствата, како потрошувачи на електрична енергија во Република Македонија, од постојано зголемување на цените на електричната енергија, со што ќе се постигне поголема социјална правда и економска благосостојба.

Со членот 2 се предвидува воведување на општо правило дека одделните правила  за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и природен гас, кои ги донесува Регулаторната комисија за енергетика, нема да важат за оние потрошувачи кои се исклучиле од системот на снабдување и понатаму не сакаат да косистат одреден вид на енергија или природен гас. Со ваквата законска одредба ќе се заштитат потрошувачите од монополската поставеност на дистрибутерите на одделни видови енергија и ќе се ослободат од плаќањето надоместок за одреден вид енергија, која не сакаат да ја користат.

Со членот 3 се утврдува рокот од 30 дена, од денот на влегување во сила на овој закон, во кој Регулаторната комисија за енергетика ќе треба да ги изврши потребните измени на актите кои е надлежна да ги донесува за истите да бидат во согласност со одредбите од овој закон, со што ќе се постигне усогласување на подзаконските акти со законот.

Со членот 4 се утврдува влегувањето во сила на овој закон, а согласно член 52 од Уставот на Република Македонија. Меѓусебна поврзаност на решенијата во предлог законот

2.   Меѓусебна поврзаност на решенијата во предлог законот

   Решенијата содржани во одредбите на предлог-законот се меѓусебно поврзани, од аспект на заштитата на правата на потрошувачите, а особено домаќинствата, односно граѓаните.

3.   Последици што ќе произлезат од предложениот Закон

 Со донесувањето на овој закон ќе се оствари волјата на граѓаните за измени во Законот за енергетика, со кои ќе се заштитат нивните права како потрошувачи на одделен вид енергија.

 

Коментари
  1. Sinisa вели:

    Celosno ja podrzuvam inicijativata i se nadevam na masoven odziv kaj graganite na MK.
    Ako ne ja podrzime ovaa inicijativa togas sto bi podrzale ???

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s