Граѓаните рекоа: Аман за струјата, парното и горивата

Posted: Август 17, 2012 in Uncategorized

Аман, доста е за новата цена на струјата, парното и горивата. Под ова мото околу 500 граѓани во вторникот по 18 часот мирно протестираа пред Регулаторната комисија за енергетика, револтирани од последните поскапувања на енергенсите. Тие се собраа откако деновиве спонтано се договорија преку социјалните мрежи да го искажат својот револт. Бараа да се врати евтината дневна тарифа на струјата, да се врати нејзината цена од периодот на 2008 година, но и да се укине ставката ангажирана моќност од 33 процентии во сметките за струја. Побараа рикверц и на цената на парното на нивото од 2008 година, итно да се повлече новиот Правилник на скопска Топлификација со кој се зацврстува монополот на компанијата, но и да се намалат цените на нафтените деривати во согласност со стандардот на живеење.

Граѓаните од пред Регулаторната комисија за енергетика се упатија кон Владата и назад. Тие најавија дека протести ќе има секој вторник, но не само во Скопје туку и во останатите македонски градови. Протестираа и битолчани, кои незадоволството од новите цени на струјата, парното и горивата го искажаа по Широк сокак. Битолчани симболично со кандила во раце, со транспаренти, скандирање и пароли го кренаа гласот против ценовниот шок.
-Протестот нема партиска боја, собрани се граѓани на кои им е преку глава од сите поскапувања, оти тоа им удира по џебот. Струјата од 2008 година е поскапена за 56 проценти – укажа Ѓорѓи Пулевски од Аманн.

Александар Гочев исто така од Аман” смета дека треба да се запре со приватизација или докапитализација на целосниот енергетски сектор, кој е во сопственост на Република Македонија и повеќе да се инвестира во одржливи извори на енергија, геотермална енергија, енергија на ветер и соларна енергија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s