„Поскапувањата не засегаат сите независно од професионалната, националната, партиска или каква било друга припадност и затоа Самостојниот синдикат на медиумски работници целосно се придружува на барањата да се врати евтина дневна тарифа на електричната енергија и таа да биде на ниво од 2008 година, да се укине ставката ангажирана моќност од 33 проценти, да се повлече новиот правилник на „Топлификација“, да се врати цената на парното на ниво од 2008 година и да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на луѓето во Македонија“. Ова е дел од соопштението испратено од ССНМ.
Од Синдикатот на новинарите апелираат до своите членови и до граѓаните да излезат во што поголем број на протестите во вторник, на 28 август годинава, во сите градови каде што ќе се одржуваат и на сите следни протести се до исполнувањето на поставените цели. Од ССНМ велат дека се што треба да направиме е да покажеме дека не се согласуваме со секојдневните поскапувања.