Archive for Септември, 2012

ALFA TV – Македонија – “АМАН“ ги повика и занаетчиите на протест.

Граѓанската иницијатива Аман го шири фронтот за протестите против поскапувањата.

Овој вторник поддршка на протестот најавиле повеќе здруженија – левичарското движење Солидарност, здружението за социјална правда Ленка, движењето пука и платформата против сиромаштија.

Од Аман уште еднаш напоменаа дека зад нив не стои политичка партија.

Граѓаните и активистите од движењето „АМАН“ вчеравечер протестираа по седми пат против бранот на поскапувања.

Пред да започне марширањето кон Владата на РМ, насобраната група го изрази својот револт пред седиштето на Регулаторната комисија за енергетика, која заседаваше во тој момент. „Лопови“, „лебот ни го зедовте“, „Регулаторна мафија“, „Народот го крадете“, “симнете се долу“ – со силни извици, свирежи и негодувања, демонстрантите ги повикуваа регулаторите и нивниот претседател Димитар Петров, да се симнат меѓу народот.

Ситуацијата се вжешти кога дел од активистите сакаа да влезат во зградата каде е седиштето на Комисијата, но беше набрзо смирена од редарите на иницијативата.

Протестот потоа се движеше низ центарот на Скопје и финишираше пред Владата на Република Македонија. Насобраните граѓани, од различна возраст и етнички состав, не го криеја големиот револт против поскапувањата. Пензионерките Добрица и Слободанка, едната Македонка а другата Србинка, револтирано велат дека не можат да врзат крај со крај, а пензиите не им се доволни ниту за да ги платат само сметките за парно.

Од бранот поскапувања е засегнат и интелектуалецот Едмонд Адеми. Тој ги подржува протестите и секој вторник изразува поддршка на Аман.

Во текот на вчерашниот ден, со соопштение до јавноста во врска со неодамна донесените акти од страна на Регулаторната комисија, се обрати и Хелсиншкиот комитет за човекови права, чијашто анализа покажала дека дел од донесените прописи на Комисијата се извршени врз основа на непостоечки одредби од Законот за енергетика. При вршењето на анализата од Комитетот утврдиле дека регулаторите погрешно донеле 11 од вкупно 15 прописи, врз основа на непрецизни или погрешно утврдени одредби од Законот за енергетика.

Протестите против поскапувањата продолжуваат и понатаму. Од АМАН и овој пат потсетија дека ќе истраат во барањата. Тие уште еднаш, уште на самиот почеток на протестот, се оградија од сите партиски етикетирања и прозивки, ги повикаа сите граѓани без оглед на определбата да се приклучат кон протестите, нагласувајќи дека се граѓанска иницијатива која има за цел да се бори против сите поскапувања со кои се руши стандардот и се осиромашуваат граѓаните.

Извор:Актив

7-ми протест Аман 25.09.2012

Posted: Септември 26, 2012 in Инфо
Ознаки:

ALFA TV – Македонија – „Изгор приватизација“ vs „Аман“.

ИЗГОР Приватизација наспроти АМАН: Исто е, ама не е исто

ALFA TV – Економија – Струјата и парното според Хелсиншки поскапеле нелегитимно.

„Не е точно дека сум вработена во општина Карпош. Невработена сум, самохрана мајка, имам граѓанско право да протестирам против поскапувањата.

Точно е дека сум член на СДСМ, но на протестите доаѓам како граѓанин, не протестирам против ниту една партија. Мојот револт е насочен кон Регулаторната комисија за енергетика, Топлификација, ЕВН, пратениците кои не отвораат надзорна расправа за цените“, изјави на Олгица Станковска, една од граѓаните кои учествуваа на протестите организирани од АМАН, а чијашто партиска определба беше искористена од некои медиуми за да се упати дека опозициската СДСМ ја организира оваа граѓанска иницијатива. На денешниот прес одржан пред Здружението на новинарите на Македонија, Станковска посочи дека таа никогаш не добила директива од партијата чијшто симпатизер е да учествува на протестите. Го поддржува ставот на АМАН партиите да не се мешаат во оваа автентична граѓанска иницијатива.

Активистите на АМАН најенергично ги отфрлија сите инсинуации дека се организирани од било која политичка опција. „Уште на самиот почеток, АМАН ги повика сите граѓани, без оглед на партиската определба, да се приклучат на протестите против поскапувањата, се додека на нив доаѓаат индивидуално, како граѓани, без партиска агенда и обележја. Не сметаме дека на било кој граѓанин, без оглед дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА или друга политичка опција, треба да му се одземе правото да протестира против загрозување на егзистенцијата, само затоа што има политичка определба. До овој наш став цврсто ќе се држиме и во иднина“, изјавија претставниците на иницијативата додавајќи дека ако навистина беа организирани од партија како што посочуваат некои медиуми, протестите ќе изгледаа сосем поинаку. „Кога организираат партиите, и сега СДСМ но и ВМРО-ДПМНЕ кога беше во опозиција, има илјадници граѓани, автобуси, разгласи, организирано доаѓање. Тоа е затоа што партиите имаат инфраструктура и средства, а АМАН ги нема. Нели ќе беше логично, ако сме организирани од партија, ако ништо друго, барем протестите да беа помасовни?“, прашуваат од АМАН.

Во АМАН сметаат дека со вакви написи и игнорирањето на иницијативата, се кршат сите професионални и етички стандарди во новинарството. Иницијативата пред Судот на честа на ЗНМ ќе покрене претставки кон повеќе медиуми за кршење на повеќе членови на новинарскиот Кодекс. „Апелираме до сите медиуми кои ги објавија неточните наводи, да ја исправат неправдата која и беше нанесена на граѓанката, и да го почитуваат нејзиното уставно право на демант и исправка. За секое понатамошно прекршување на нејзините права, или доколку продолжи пристрасното известување за протестите, ќе ги покренеме сите соодветни правни механизми кои ни стојат на располагање, предупредија од АМАН.

На прес конференцијата, освен редакцијата на Курир и на АКТИВ, не присуствуваа други новинари и редакции, иако биле навремено известени од АМАН.

Извор: Актив