БАРАЊАТА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ВО ИСТА НАСОКА СО ОДЛУКИТЕ НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР

Posted: Септември 3, 2012 in Uncategorized

ИЗВРШНИОТ ОДБОР ГИ РАЗГЛЕДА РЕАКЦИИТЕ НА ЧЛЕНСТВОТО ВО ВРСКА СО ПОСКАПУВАЊАТА НА ЕНЕРГЕНСИТЕ

Скопје 30.08.2012

На седницата одржана на 30.08.2012г., Извршниот одбор на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ расправаше за реакциите на членовите и синдикалните организации во врска со секојдневните зголемувања на цените на енергенсите, услугите и прехранбените производи.

Извршниот одбор донесе одлука Синдикатот на УПОЗ да ги повика своите членови да изразат поддршка за иницијативата против „енергетските шокови“ со кои граѓаните скоро секојдневно се соочуваат.

Во најскоро време, Синдикатот на УПОЗ преку средствата за јавно информирање ќе ја извести јавноста за одлуките на Извршниот одбор и за понатамошните активности во врска со горенаведените ставови.

Во исто време, Синдикатот на УПОЗ ги повикува и останатите грански синдикати здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија да го постават на дневен ред прашањето во врска со неодамнешниот бран на поскапувања и за истото да се расправа на следната седница на Претседателството на ССМ.

Извор:УПОЗ

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s