Сметките за парно ги смрзнаа граѓаните

Posted: Септември 13, 2012 in Инфо

Августовските сметки за парно греење ги смрзнаа скопјани. Во просек тие се подебели за 23 проценти во споредба со истиот месец лани. Тие отпри­лика се големи колку што изнесуваше највисоката сума што ја плаќале во последната грејна сезона за месеците декември или јануари, кога земјава ја зафати „сибирска“ зима. Во пари, тоа значи дека за стан од 70 квадра­ти, за кој лани во август сметката за парно греење била околу 3.300 дена­ри, корисникот сега плаќа околу 1.000 денари повеќе или над 4.200 дена­ри.

Граѓаните се во паника. Прашуваат ако овој есенски период плаќаат толку „дебели“ сметки, колку ќе плаќаат во најладните зимски месеци. Ако температурите драстично се нама­лат, декемвриските сметки што граѓаните ќе ги добијат во јануари в година може да бидат многу повисоки.

– Ова се авансни сметки кои ќе важат до декември. И кумулативно се пови­соки за околу 23,5 отсто во споредба со ланскиот август.

Граѓаните се револтирани од, како што велат, безобразно високите сметки за парно греење, од кое веќе не можат да се исклучат.

– Се шокирав кога ми стигна сметката за парно греење. Не ми се веруваше дека августовската сметка, со поскапувањето од, како што се тврдеше око­лу 4 отсто, ќе ме чини дополнителни околу 1.000 денари во споредба со ланската августовска. Сега ми пресметале дека авансно во наредните не­колку месеци треба да плаќам толку колку што плаќав во најладните месе­ци во минатата грејна сезона, јануари, февруари – вели Елизабета Јанев­ска од Скопје, која ни изјави дека се кае што не ја искористила можноста да се ослободи од парното.

Александра Филиповска-Дневник

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s