Во момент кога стравично се загрозува стандардот на живеење на граѓаните на Република Македонија, кога растот на цените го загрозува задоволувањето на најелементарните животни потреби на голем дел од народот,
Левичарското Движење Солидарност ги поддржува протестите на граѓанската иницијатива АМАН во целост. Сите активисти на ЛД Солидарност, како граѓани, се активно вклучени во граѓанската иницијатива АМАН од самиот почеток и ќе останат ангажирани се до усвојувањето на барањата.
Ги повикуваме народот да го изрази својот револт од индолентниот однос на надлежните институции и да застане во одбрана на Уставот на Република Македонија, во кој во Член 1, Македонија се дефинира како суверена, самостојна, демократска и социјална држава, а во Член 8, како дел од темелните вредности на кои почива уставниот поредок, меѓу другото, се наведени: хуманизмот. солидарноста и социјалната правда.
Уште еднаш упатуваме апел до синдикатите, граѓанските здруженија, работниците, пензионерите и интелектулаците да излезат на протестите во што поголем број и да го одземат легитимитетот на политиките кои водат кон осиромашување и оттуѓување на народот.
Ве поздравуваме со зборовите на нашиот великан Кочо Рацин:
ЌЕ ПОБЕДИМЕ!
Левичарско Движење Солидарност