АМАН легна пред ЕВН- Битола

Posted: Септември 17, 2012 in Инфо

Од АМАН денес легнаа пред ЕВН. Се обидоа да го привлечат вниманието кај минувачите и во голем дел успеаја, го постигнаа посакуваниот ефект. Велат, тоа била вистинската физиономија на граѓанинот која метафорично се обидуваат да ја пренесат.

-Граѓанинот е легнат, како оние граѓани кои дома конфорно лежат дома и на оние кои не гледаат одоколу и се потсмеваат и кои утре ќе пијат кафе на Широк Сокак. Граѓанинот е убиен, изгазен, уживаме во ова газење, изјави Мариглен Демири, Граѓанска иницијатива АМАН.

 

-Овој симболичен акт ги претставува обичните граѓани, обичниот човек е веќе паднат на колена, лежи вака како нас, паднат, апатичен, уплашен. Ние сме легнати и моќта ја загубивме, изјави Ѓорѓи Пулевски, Граѓанска иницијатива АМАН.

 

Со протестите ќе продолжат преку вакви симболични актови, без насилство, со мирни протести. За утре очекуваат дека ќе има поголема присутност отколку на последниот.

-Очекуваме да има повеќе граѓани, минатиот пат не дојдоа заради времето, барем ние така се тешиме. Не доаѓаат од страв, лилипутански синдром, има песимистичка мантра низ градот дека ништо не може да се смени и да се направи, вели Пулевски.

Утрешниот протест, кој повторно ќе започне во 18 часот од пред фонтаната кај музејот, е шести по ред.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s