ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА 17.09.2012

Posted: Септември 17, 2012 in Инфо

Граѓанската иницијатива АМАН повеќе од месец дена протестира во Скопје и поголмите населени места низ Републикава против константното зголемување на цените на горивата, струјата, парното. И тоа ќе го прави се додека не се исполнат нашите барања кои се општопознати и прифатени но еве ќе ја искористам приликата, повторно да ги потенцирам:
1. Да се укине ставката ангажирања моќност од 33%
2. Да се врати евтина дневна тарифа
3. Да се врати цената на струјата на ниво од 2008 година.
4. Да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на Република Македонија
5. Да се инвестира во одржливи извори на енергија (соларна и геотермална енергија, енергија на ветер и др.)
6. Итно да се повлече новиот правилник на Топлификација
7. Да се врати цената на парното на ниво од 2008 година.
8. Да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.
Што се однесува до протестот на граѓаните од иницијативата ИЗГОР – Приватизација, се согласуваме дека една од причините за поскапувањето на струјата е приватизацијата на ЕВН и ги повикуваме, бидејќи приватизациите во енергетскиот сектор резултираат со поскапувања на струјата, да ни се придружат во нашето спротивставување на докапитализацијата (која фактички е делумна приватизација) на ЕЛЕМ.

Сакаме да го нагласиме и тоа дека, покрај приватизацијата на ЕВН, штетни беа и сите други приватизации на стратешките ресурси од минатото. Политичките гарнитури се менуваа на власт, и иако ги имаа и ги имаат сите инструменти за да спречат и казнат злоупотреби и крчмење на она што го граделе граѓаните со децении, тие не го правеа и не го прават тоа.

Би сакале, на крајот, да ги предупредиме формалните политички структури и од власта и од опозицијата да престанат со обидите да не инструментализираат, а наместо тоа, да се фатат за работа и да ја подобрат живеачката на луѓето. Ако се надминат себеси и успеат во тоа, ќе го снема и стравот од АМАН кој ги тера на сè попроѕирни игри, граѓаните ќе немаат воопшто потреба од вакви иницијативи, а тие од формални ќе станат повторно вистински претставници на граѓаните. Дотогаш, граѓаните повеќе нема да отстапуваат, туку се погласно и поодлучно ќе го демонстрираат нивниот суверенитет. За почеток, секој вторник во 18 часот, се до реализација на нашите барања.
АМАН ги повикува граѓаните на 6тиот протест против поскапувањата, кој како и секој вторник досега ќе започне во 18 часот, на традиционалното место во строгиот центар на Скопје, меѓу портата, зградата на ЕВН и канцелариите на Регулаторната комисија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s