Реакција на АМАН на наводите изнесени од веб порталот Курир за наводно организирање на протестите од страна на СДСМ

Posted: Септември 21, 2012 in Инфо

Ви ја пренесуваме во целост реакцијата на АМАН за наводите на порталот Курир, дека иницијативата е организирана од страна на опозициската СДСМ

Почитувани,

По повод обвинувањата кои беа објавени од страна на порталот Курир, дека иницијативата АМАН е наводно организирана од опозициската СДСМ, би сакале да го изјавиме следното:

Најенергично ги отфрламе сите инсинуации дека сме организирани од било која политичка опција. Уште на самиот почеток на протестите, АМАН јавно ги повика сите граѓани, без оглед на партиската определба, да се приклучат на иницијативата и протестите против поскапувањата, се додека на нив доаѓаат индивидуално, како граѓани, без партиска агенда и обележја. Не сметаме дека на било кој граѓанин, без оглед дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА или било која друга политичка опција, треба да му се одземе правото да протестира против загрозување на екзистенцијата, само затоа што е член на некоја политичка опција. Овој наш став и повик до сите граѓани АМАН го соопштуваше на секој од досега одржаните протести, и е став до кој цврсто ќе се држиме во иднина.

Како аргументација дека не сме партиски инструирани и дека кон нас се води оркестрирана медиумска хајка, на јавноста и на Курир би им посочиле неколку логички и професионални грешки, кои го потврдуваат овој наш став:

– СДСМ како опозиција во минатото организираше бројни протести, на кои присуствуваа илјадници граѓани, што не е случај со протестите на АМАН, кои се помалку посетени од оние на опозицијата. Ист беше случајот кога протести организираа ВМРО-ДПМНЕ додека беа во опозиција. Тоа е така, бидејќи партиите имаат инфраструктура, средства, автобуси итн, а АМАН ги нема. Доколку бевме организирани од СДСМ, нели е логично овие протести да бидат далеку помасовни?

– Курир ги изнесе овие наводи без воопшто да побара став по ова прашање од АМАН, ниту од граѓаните кои ги посочува во својот напис. Овој начин на практикување новинарство се коси со сите домашни и меѓународни етички и професионални стандарди.

– Целосното игнорирање на протестите на АМАН од страна на Курир и на други медиуми, вклучувајќи го и јавниот сервис, и повторувачките содржини, во кои сме обвинети дека сме инструирани од опозицијата, без притоа ниту еднаш да бидеме прашани за став, упатува на едноставниот заклучок, дека политичка агенда не реализираме ние, туку токму овие медиуми, кои не си ја вршат професионално својата работа, а тоа е да известуваат за интересот на граѓаните, на публиката, од која живеат и на која треба да и служат

Поради ова, против овие медиуми и новинари АМАН ќе покрене претставки пред Судот на честа на Здружението на новинарите на Македонија, и тоа за кршење на следните членови од новинарскиот Кодекс:

– Член 1, поради непотврдување на вистинитоста на тврдењата, т.е неконтактирање со посочените граѓани за да се слушне и пренесе и нивниот став

– Член 5, за необјавување и криење од јавноста на информации кои се во функција на јавниот интерес, т.е непокривање и игнорорање на граѓански протести за поскапувањата, кои ги допираат сите граѓани, што е јавен интерес

– Член 7, за непочитување на приватниот живот на посочените, вклучувајќи го нивното неоспорно демократско право да бидат политички определени, но и да учествуваат во било кои други граѓански инцијативи

– Член 10, кршење на овој дел од Кодексот преку создавање на информации кои кршат човекови права – правото на здружување, и поттикнуваат дискриминација (политичка дискриминација во овој случај)

– Член 14 кршење на принципот на балансираност при известување за политички процеси

Извор:Актив

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s