Станковска го демантира Курир: Невработена сум, имам граѓанско право да протестирам против поскапувањата

Posted: Септември 23, 2012 in Инфо

„Не е точно дека сум вработена во општина Карпош. Невработена сум, самохрана мајка, имам граѓанско право да протестирам против поскапувањата.

Точно е дека сум член на СДСМ, но на протестите доаѓам како граѓанин, не протестирам против ниту една партија. Мојот револт е насочен кон Регулаторната комисија за енергетика, Топлификација, ЕВН, пратениците кои не отвораат надзорна расправа за цените“, изјави на Олгица Станковска, една од граѓаните кои учествуваа на протестите организирани од АМАН, а чијашто партиска определба беше искористена од некои медиуми за да се упати дека опозициската СДСМ ја организира оваа граѓанска иницијатива. На денешниот прес одржан пред Здружението на новинарите на Македонија, Станковска посочи дека таа никогаш не добила директива од партијата чијшто симпатизер е да учествува на протестите. Го поддржува ставот на АМАН партиите да не се мешаат во оваа автентична граѓанска иницијатива.

Активистите на АМАН најенергично ги отфрлија сите инсинуации дека се организирани од било која политичка опција. „Уште на самиот почеток, АМАН ги повика сите граѓани, без оглед на партиската определба, да се приклучат на протестите против поскапувањата, се додека на нив доаѓаат индивидуално, како граѓани, без партиска агенда и обележја. Не сметаме дека на било кој граѓанин, без оглед дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА или друга политичка опција, треба да му се одземе правото да протестира против загрозување на егзистенцијата, само затоа што има политичка определба. До овој наш став цврсто ќе се држиме и во иднина“, изјавија претставниците на иницијативата додавајќи дека ако навистина беа организирани од партија како што посочуваат некои медиуми, протестите ќе изгледаа сосем поинаку. „Кога организираат партиите, и сега СДСМ но и ВМРО-ДПМНЕ кога беше во опозиција, има илјадници граѓани, автобуси, разгласи, организирано доаѓање. Тоа е затоа што партиите имаат инфраструктура и средства, а АМАН ги нема. Нели ќе беше логично, ако сме организирани од партија, ако ништо друго, барем протестите да беа помасовни?“, прашуваат од АМАН.

Во АМАН сметаат дека со вакви написи и игнорирањето на иницијативата, се кршат сите професионални и етички стандарди во новинарството. Иницијативата пред Судот на честа на ЗНМ ќе покрене претставки кон повеќе медиуми за кршење на повеќе членови на новинарскиот Кодекс. „Апелираме до сите медиуми кои ги објавија неточните наводи, да ја исправат неправдата која и беше нанесена на граѓанката, и да го почитуваат нејзиното уставно право на демант и исправка. За секое понатамошно прекршување на нејзините права, или доколку продолжи пристрасното известување за протестите, ќе ги покренеме сите соодветни правни механизми кои ни стојат на располагање, предупредија од АМАН.

На прес конференцијата, освен редакцијата на Курир и на АКТИВ, не присуствуваа други новинари и редакции, иако биле навремено известени од АМАН.

Извор: Актив

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s