25.09.2012 7-МИ ПРОТЕСТ-АМАН ја стресе Регулаторна, протестите продолжуваат со поголем жар

Posted: Септември 26, 2012 in Инфо

Граѓаните и активистите од движењето „АМАН“ вчеравечер протестираа по седми пат против бранот на поскапувања.

Пред да започне марширањето кон Владата на РМ, насобраната група го изрази својот револт пред седиштето на Регулаторната комисија за енергетика, која заседаваше во тој момент. „Лопови“, „лебот ни го зедовте“, „Регулаторна мафија“, „Народот го крадете“, “симнете се долу“ – со силни извици, свирежи и негодувања, демонстрантите ги повикуваа регулаторите и нивниот претседател Димитар Петров, да се симнат меѓу народот.

Ситуацијата се вжешти кога дел од активистите сакаа да влезат во зградата каде е седиштето на Комисијата, но беше набрзо смирена од редарите на иницијативата.

Протестот потоа се движеше низ центарот на Скопје и финишираше пред Владата на Република Македонија. Насобраните граѓани, од различна возраст и етнички состав, не го криеја големиот револт против поскапувањата. Пензионерките Добрица и Слободанка, едната Македонка а другата Србинка, револтирано велат дека не можат да врзат крај со крај, а пензиите не им се доволни ниту за да ги платат само сметките за парно.

Од бранот поскапувања е засегнат и интелектуалецот Едмонд Адеми. Тој ги подржува протестите и секој вторник изразува поддршка на Аман.

Во текот на вчерашниот ден, со соопштение до јавноста во врска со неодамна донесените акти од страна на Регулаторната комисија, се обрати и Хелсиншкиот комитет за човекови права, чијашто анализа покажала дека дел од донесените прописи на Комисијата се извршени врз основа на непостоечки одредби од Законот за енергетика. При вршењето на анализата од Комитетот утврдиле дека регулаторите погрешно донеле 11 од вкупно 15 прописи, врз основа на непрецизни или погрешно утврдени одредби од Законот за енергетика.

Протестите против поскапувањата продолжуваат и понатаму. Од АМАН и овој пат потсетија дека ќе истраат во барањата. Тие уште еднаш, уште на самиот почеток на протестот, се оградија од сите партиски етикетирања и прозивки, ги повикаа сите граѓани без оглед на определбата да се приклучат кон протестите, нагласувајќи дека се граѓанска иницијатива која има за цел да се бори против сите поскапувања со кои се руши стандардот и се осиромашуваат граѓаните.

Извор:Актив

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s