Граѓанската иницијатива АМАН побара пратениците под итно да отворат надзорна расправа за работата на регулаторната комисија и со тоа да докажат дека го штитат интересот на народот.
Незадоволни се што иницијативата е заглавена во собранието. Денеска АМАН револтот од серијата поскапувања го искажа пред ЕВН.
Граѓаните и понатаму се жалат дека скапата струја најмногу удрила по нивните џебови.
Освен неколку гранкови синдикати поддршка за АМАН дојде и од независниот новинарски синдикат, здружението за социјална правда ЛЕНКА и Македонската платформа против сиромаштија. Со протести ќе продолжат се додека не им бидат исполнети барањата.
Извор: 24 Вести