8-ми протест „АМАН“ продолжува, власта не ги слуша

Posted: Октомври 3, 2012 in Инфо

Граѓанската иницијатива „АМАН“ вечерва, на дожд, продолжи со своите протести против поскапувањата на струјата кои ги организира секој вторник од 18 часот во џентарот на Скопје.

Нејзините членови не се откажуваат од својата намера да ја принудат Владата и Регулаторната комисија да им се смилува на граѓаните и нивните скудни паричници така што ќе ги ублажи поскапувањата. Нивните брања се јасни и коцизни: да се укине ставката ангажирана моќност од 33 отсто, да се врати евтината дневна тарифа на струјата, да се врати цената на струјата и на парното од 2008 година.

Но, привлекува внимание нивната посветеност, организираност и кохерентност. Имено, овие протести, пред сé, видливо се разликуваат од контра-протестите на новопечената „Изгор приватизација“ на кои дојденците чекаат да се вклучат камерите на новинарите за да почнат да извикуват и да се бунтуваат.

Напротив, цврстата, збиена и организирана толпа на „АМАН“ моќно и сугестивно ги извикува паролите, нивните транспаренти, кои ги има и на мкедонски и на албански јазик, се јасни и досетливи, а нивните скандирања спонтани и разбирливи, наспроти пасивната стагнација на нивните колеги кои не знаат зошто дошле и за што се собрале.

На „изгор“ протестите никој не знае како дошол на нив и како за нив слушнал. Но овде насобраните не им вртат грб на новинарите, туку се спремни отворени да ги изразат своите ставови, да објаснат, да го покажат револтот кој индивидуално и колективно ги тангира.

На тој начин го пресликуваат и пренесуваат незадоволството на народот низ земјава, на социијалната криза и економската немаштија која проговорува низ извиците „Лопови, лопови…“.

И овој пат членовите се собраа пред Триумфалната капија, која како да симболизира еден бесрамен почеток на она што најпосле го предизвика нивниот револт. Потоа се придвижија пред зградата на ЕВН каде со мегафони ги повторија и потенцираа своите барања, а потоа мотивирано и ангажирано продолжија да го сејат својот бунт низ обновениот плоштад.

Оттаму, групата зачекори по улица Македонија, низ зградите и под балконите на центарци, за да го извикаат и исвиркаат некомпетентното владеење на оние политичари што ги претставуваат во собраниските фотељи во близина.

Туристите, кои во последно време се несомнено сé побројни во градов и кои доаѓаат да им се изначудат и да ги документираат неприродните издигнатини на „Скопје 2014“, имаат добра причина да ги забележат и овие кохерентни и непопустливи протести кои во вистинска смисла ги одразуваат последиците од каприциозното владеење на власта. Тие протести, меѓу новоизградиените споменици и скулптури, се оној резултат кој туристите немаат можност или не очекуваат да го видат, тој револт е вистинската причинско-последична врска меѓу она што Владата го обмисли и она што таа го предизвика.

Извор: Плусинфо-М.В

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s