Почитувани,
Граѓанската иницијатива Аман преку овоа соопштени ги известува сите граѓани дека протестите кои се одржуваа во Вторник во 18:оо часот пред Регулаторна комисија од 13.10.2012 ќе се одржуваат во Сабота со почеток од 12:00 часот исто пред Регулаторна комисија.
Причини за промена на денот и времето на протестите се температурните разлики и приклучување на повеќе граѓани на протестите кои се незадоволни од сегашната политика на цените на струјата ,парното и енергенсите да ни се придружат, бидејќи во Сабота не се на работните места.
На 13.10.2012 година со почеток во 12:00 часот најавуваме голем протест
Ги повикуваме нашите поддржувачи како и сите граѓани кои се незадоволни од сегашната политика на цените на струјата,парното и енергенсите да ни се придружат на 13.10.2012 во 12:00 часот на големиот протест пред Регулаторна комисија.
Со почит,
Г.И. Аман
Драги сограѓани, не успеав на сајтот да го најдам вашиот манифест, од соопштенијата гледам дека главно се занимавате со прашања поврзани со енергенсите и Регулаторната комисија.
Би сакала да ве прашам, дали сте ги погледнале вашите останати сметки за комунални и услуги од провајдери на телефонските услуги и дали проблемите на нашето тешко финансиско опстојување лежат само во ЕВН и Топлификација?
Почитувана,
Нашиот револт е генерално насочен кон сите поскапувања