АМАН менува стратегија, се организира голем протестен собир во сабота, 13 октомври

Posted: Октомври 4, 2012 in Инфо

АМАН вчера ги започна протестите пред зградата на ЕВН. “Ние сме против приватизацијата на ЕВН во 2006 година, но, исто така, ние сме против сите приватизации на стратешките ресурси од минатото. Се приватизираше Телеком, порасна цената на телефонскиот импулс.

Се приватизираше ОКТА, растеа цените на горивата. Се приватизираше дистрибуцијата на електрична енергија, и во последниве години нејзината цена се качи за 76%. Сега сакаат преку докапитализација да ја приватизираат ЕЛЕМ, да продадат половина од електраните на Македонија. Нема да го дозволиме тоа “, истакнаа демонстрантите во говорот пред компанијата. По марширањето низ центарот на градот и околу Парламентот, осмиот протест на оваа иницијатива заврши пред канцелариите на Регулаторната комисија за енергетика. Демонстрантите не ги обесхрабри ниту дождот што врнеше во тие моменти, и беше забележливо дека нивниот број е значително поголем отколку на протестот пред една недела.

Претставници на движењето ги повторија познатите барања за намалување на цените, враќањето на евтината тарифа за електрична енергија, повлекување на правилникот на Топлификација, кој ги принудува и граѓаните кои не ги користат услугите на оваа компанија да и плаќаат за услуга што не ја користат само поради тоа што живеат во колективни згради каде што има корисници на нивниот систем. Демонстрантите повторно побараа одлучно од Собранието да отвори надзорна расправа за поскапувањата и за начинот на кој се носат одлуки за поскапувањата од страна на Регулаторната комисија.

По речиси два месеци протестирање секој вторник, движењето ја менува стратегијата на протестите. АМАН најавува голем протест, кој ќе се одржи следниот викенд на13 октомври, во сабота напладне, на веќе познатата локација во центарот на градот, меѓу зградите на ЕВН и Регулаторната комисија.

Извор:Актив

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s