Аман“ отсега ќе протестира во саботите

Posted: Октомври 4, 2012 in Инфо

По речиси два месеца протестирање секој вторник во 18 часот, движењето „Аман“ ја менува стратегијата на протестите. Движењето најавува голем протест, кој ќе се одржи следниот викенд на 13 октомври, во сабота напладне, на веќе познатата локација во центарот на градот, меѓу зградите на ЕВН и Регулаторната комисија.

– Ќе протестираме секоја сабота напладне за да можат што повеќе граѓани кои се незадоволни од сегашната политика на цените на струјата и парното да ни се придружат, оти тогаш не се на работните места. Втора причина за промена на времето од 18 часот на 12 часот се температурните разлики кои се случуваат во овој период од годината – објаснува Џелал Хоџиќ  од „Аман“.

Од „Аман“ не откриваат други детали за она што ќе се случува за време на протестот во сабота на 13 октомври, точно во 12 часот.

„Аман“, заедно со сите кои не се согласуваат со сегашните цени, вели Хоџиќ ќе протестира сè до остварување на барањата, а тоа се: враќање на цените на струјата и парното на нивото од 2008 година; укинување на „данокот“ од 33 проценти за ангажирана моќност и укинување на правилникот на „Топлификација“.

Р.И.М.

Извор:Плусинфо

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s