Синдикатите да престанат да молчат

Posted: Октомври 4, 2012 in Инфо

Во суштината на постоењето на еден синдикат е да ги штити правата на работниците. Во Р. Македонија постојат четири синдикални конфедерации: ССМ, КСС, УНАСМ и КСОМ.

Тие конфедерации во себе имаат гранкови синдикати. Ниту една од овие четири синдикални конфедерации не излезе во јавноста со реакција со која би ги заштитила работниците од последните поскапувања, поскапувања кои сериозно го истенчија и така веќе тенкиот џеб на работниците.

Освен нели, ако за реакција не ги рачунаат штурите, без суштина соопштенија, кои да не беше трагична целата ситуација, ќе беа смешни.

Имаат ли работниците потреба од синдикати кои ги премолчуваат поскапувањата, и ако немаат, кој тоа има потреба од вакви синдикати?

ССМ е најголемата синдикална организација во државата. Во себе тие вклучуваат 18 синдикални организации. Со тоа нивната одговорност за вистинска реакција (освен соопшенија без суштина) е најголема. Додека ССМ реагираше како што тие мислеа дека треба да реагираат се појави една граѓанска иницијатива “AMAH” која го повика народот на улици мирно да протестираат се додека не се намалат цените на струјата, парното, бензинот.

За тие протести “AMAH” од синдикалните организации до сега доби јавна подршка само од УПОЗ кој е само еден гранков синдикат при ССМ и Самостојниот Синдикат на Новинарите и медиумските работници. Синдикалните конфедерации ССМ, КСС, УНАСМ, КСОМ никако да излезат со став дали ги подржуваат протестите на “АМАН“ по повод поскапувањата или не? Дали нивното молчење можеби е знак за одобрување за поскапувањата?

А сето ова кај мене буди интерес да видам дали можат повеќе да молчат отколку што јавноста од нив бара одговори. Па во тој контекст ќе ги поставам следните прашања до дел од гранковите синдикати при ССМ: Дали Живко Митревски, инаку претседател и на гранковиот синдикат на шумарите и претседател на ССМ, смета дека овие поскапувања не ги допираат шумарите? Дали претседателот на гранковиот синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија, Анѓелко Анѓелковски, смета дека текстилците, кои се едни од најниско платените работници, можат да преживеат со овие поскапувања? Дали Пеце Ристевски, инаку претседател на гранковиот синдикат на рударството, смета дека рударите можат да си ги плаќаат огромните сметки за парно греење? Дали претседателот на синдикатите на градежниците, Павел Трендафилов, смета дека градежниците имаат доволно високи плати да ги издржат овие поскапувањата.

Чии интереси штити Роберт Симоновски, претседател на синдикатот за енергетика и стопанство, интересите на ЕВН или на вработените во ЕВН? Дали Мирјана Хаџи Скендева, претседателка на гранковиот синдикат на трговските работници, смета дека трговците се задоволни од поскапувањата на горивата и струјата?

Кој знае, откако синдикатите не реагираа ниту кога Хелсиншкиот комитет искажаа јавен сомнеж во законитоста на последните поскапувања кои ги одбри Регулаторната комисија за енергетика, можеби овие прашања ќе ги поттикнат да излезат со јасен и галсен став. А можеби и ќе го следат ставот на Сојузот на самостојни синдикати на Србија, кои ги повикаа граѓаните на масовни протести доколку нивната влада во следните две недели не ги врати цените на главните прехранбени производи и енергенсите на претходно ниво.

Од сето ова можеме да заклучиме дека постоењето на синдикат кој не ги штити правата на работниците нема поента! Затоа ке ги повикам синдикатите да престанат да молчат за поскапувањата, за кршењето на правата на работниците. Ке ги повикам синдикатите да бидат синдикати.

Џелал Хоџиќ

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s