Институциите не одговаат на барањата за надзорна расправа за намалување на цената на струјата, дериватите и храната. Обвинуваат од граѓанската иницијатива Аман. Испратиле три писма едно до комисијата за економски прашања а другите две до пратениците но одговор нема. Со тоа велат им се попречува нивното дејствување.
Од оваа недела граѓанското здружение го менува и терминот на организирање протести против континуираните поскапувања. Наместо во вторник од Аман најавуваат протести секоја сабота бидејки граѓаните тогаш биле послободни.
На протестите на Аман им се придружија повеќе граѓански иницијативи како левичарското движење Солидарност, здружението за социјална правда Ленка, движењето Пука и Македонската платформата против сиромаштија, но не и Сојузот на Синдикати на Македонија.