ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНУВА ПРВИЧНОТО СОБИРАЊЕ НА100 ПОТПИСИ

Posted: Октомври 15, 2012 in Инфо

ДЕНЕС (15 октомври 2012) ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНУВА ПРВИЧНОТО СОБИРАЊЕ 100 ПОТПИСИ за покренување граѓанска иницијатива за измена на Законот за енергетика – кое првенствено има за цел враќање на дневната евтина тарифа! Иницијативата ја покренува движењето „Аман“.
Потпишувањето може да се врши само во Подрачните одделенија на Државната Изборна Комисија во:

1. Општина Центар (која ги опфаќа: Центар, Аеродром
и Ново Лисиче) – во барака 1 и се наоѓа кај матично, спроти Градскиот парк;
2. Општина Кисела Вода (ги опфаќа Кисела Вода, Зелениково, Драчево, Сопиште Студеничани) – во барака 9; и
3. Општина Гази Баба, барака 1 соба 7, (ги опфаќа општина Гази Баба, Арачиново, Илинден, Петровец, Автокоманда, Маџари, Хиподром) -барака 1, соба 7 [прва барака лево во зградата на општина Гази Баба].

Потпишувањето ќе трае 15 работни дена и се врши од 08,30 до 16, 30 часот. Секој кој ќе оди да се потпишува со себе треба да носи лична карта и да каже дека е дојден за потпишување за граѓанската иницијатива за измена на Законот за енергетика.

Доколку се потпишувате денеска, задолжително да го барате преставникот од ДИК да биде присутен, второ,
доколку се потпишувате утре (ова важи за во било која од општините) се потпишувате на нов лист, не на истиот од денеска и доколку сте први на новиот лист, барате од овластениот преставник на ДИК прво тој да се потпише на назначеното место па потоа вие на списокот. Потсетувајте ги бидејќи не знаат, може и да не знаат дека за утре ќе треба нова листа…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s