Ем сиромаштија, ем намалување на бројот на социјалци

Posted: Октомври 18, 2012 in Инфо

Покрај сиромаштијата, која според последните податоци се проценува на над 30 проценти, во услови на рецесија и општ раст на цените, од Министерството за труд и социјална политика тврдат дека бројот на корисници на социјална помош е намален за 17 отсто. На терен ситуацијата не е розова, сметаат познавачите и активистите.

Не може да се намалува сиромаштијата преку тоа што скусиле неколку илјади случаи да не примаат социјална помош, значи тоа се административни мерки, кои се донесени од страна на Министерството и преку кои се елиминирани луѓето, што можеме да кажеме дека тоа не е добар знак, дека не чини таа регулатива за давање на социјална помош на таа категорија.
Драге Јовановски, поранешен синдикалец и правен експерт.

Поранешниот синдикалец и правен експерт Драге Јовановски, вели дека податокот за намалениот број на корисници на социјална помош не е логичен.

„Во даденава ситуацијата не може да се намалува сиромаштијата преку тоа што скусиле неколку илјади случаи да не примаат социјална помош, значи тоа се административни мерки, кои се донесени од страна на Министерството и преку кои се елиминирани луѓето, што можеме да кажеме дека тоа не е добар знак, дека не чини таа регулатива за давање на социјална помош на таа категорија.“

Бројката е многу поголема, вели Јовановски.

​​
„Тие податоци не се вистинските податоци. Значи комплетно за Република Македонија мора да го имаме гласачкото тело, ако имаме еден милион и 700-800 илјади гласачко тело и ако земеме дека 500 илајди се работници во работен однос и дека околу 300 илјади се пензионери, тогаш каде е таа група од 800 илјади што не прима ништо?“

Игнорирањето на овие луѓе не значи дека ги нема, овие луѓе не можат да излезат ниту на протести затоа што никој не знае како преживуваат. Нивните сметки се поголеми од нивните примања, а некој на тие луѓе им праќа извршители, значи дали се запрашал било кој, како тие луѓе преживуваат?
Џелал Хоџиќ, граѓанска иницијатива „АМАН“.

Според податоците за минатата година, секој трет жител на Македонија живее во сиромаштија. Дали годинава работите се менуваат на подобро покрај растот на трошоците за енергенси и прогласена рецесија? Џелал Хоџиќ од граѓанската иницијатива „АМАН“ вели дека на терен не е реална ситуацијата.

„Не е намален бројот на социјалците, туку тоа е пропуст на администрацијата во центрите за социјална помош и поради тоа се враќаат луѓето и затоа се враќаат социјалците, а не дека реално се вработени луѓето и дека нема повеќе социјалци.“

Според Уставот, должност на владата и општеството е да се грижи за социјалната правда вели Хоџиќ

„Игнорирањето на овие луѓе не значи дека ги нема, овие луѓе не можат да излезат ниту на протести затоа што никој не знае како преживуваат. Нивните сметки се поголеми од нивните примања, а некој на тие луѓе им праќа извршители, значи дали се запрашал било кој, како тие луѓе преживуваат? Имате социјална помош за едно семејство околу 2.000 денари, а преку зима една сметка за струја не е помала од 3-4.000 денари.“

Според податоците на Министерството за труд и социјална политика, во Македонија има меѓу 39 и 40 илјади домаќинства корисници на социјална помош, и околу 3.500 корисници на народните кујни на целата територија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s