– Би сакале да ги информираме нашите сограѓани дека започнуваме со процедура за собирање на 10.000 потписи со што би поднеле предлог на закон, за изменување и дополнување на законот за енергетика, во кој би се вметнала евтината дневна тарифа, и би се забранило на АД Топлификација да наплаќа на корисници кои не ги користат нивни услуги. Покрај информирањето нашите сограѓани ќе бидат повикани на 10-от протест кој го организира граѓанската иницијатива АМАН, се вели во соопштението од „АМАН“.
Иницијатива против поскапувањата „АМАН!“ претставува група на граѓани кои спонтано се собра преку социјалните мрежи за да искаже револт против најновите зголемувања на цените на струјата, парното и горивата под мотото „АМАН!“.
Целта на иницијативата е преку протести и други методи да се издејствува снижување на цените на струјата, парното и горивата и да се аргументираат причините и потребата за намалување на истите.
Извор: Skay.mk