10 -ти протест на граѓанската Аман

Posted: Октомври 20, 2012 in Инфо

По десетти пат граѓанската иницијатива Аман – доста е протестираше против континуираните поскапувања на цените на енергенсите, дериватите и храната.

Протестите до сега не даваат резултат, па граѓанското здружение вчера поднесе предлог инцијатива во законодавниот дом за измени во законот за енергетика.

Сакаат да соберат 10 илјади потписи од граѓаните па народните избраници да дебатираат за враќањето на евтината тарифа на струјата преку ден – и укинувањето на обврската да се плаќа на топлификација за услуга која не се користи.

Од Аман повеќе немаат верба во институциите. Се повеќе паѓа животниот стандард, домашниот буџет станува се покус, а власта се уште има игнорантски однос кон нас – се жалат од Аман.

По веќе изминати десет протести граѓанската иницијатива Аман доби поддршка од неколку здруженија како и од нездоволни граѓани, но не и од синдикалните организации.
Извор:Иле Петревски/ 24Вести

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s