Победа на граѓанскиот активизам: Предлозите на „Аман“ го поминаа првиот собраниски тест

Posted: Октомври 23, 2012 in Инфо

омисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница едногласно го усвои предложениот став на граѓанското здружение „Аман“ за изменување и дополнување на Законот за енергетика, иницијатива која првенствено има за цел враќање на дневната евтина тарифа – објави предмалку Плусинфо. Комисијата утврдила дека нормите за покренување на иницијативата за изменување на закон се испочитувани така што регуларно е собран потребниот број потписи и оттаму здружението може да започне со постапка на собирање дополнителни 10.000 потписи за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика да биде прифатен на дневен ред во Собранието на Република Македонија.
Граѓанската иницијатива за собирање на првичните сто потписи почна на 15-ти овој месец и имаше обврска на посебен образец да ги собере потписите од граѓаните во Подрачните одделенија на Државната изборна комисија во неколку скопски општини. Комисијата потврди дека образецот на кој се потпишале 111 граѓани е уреден и е во согласност со Законот за референдум, па, оттаму, го прогласи за усвоен – пренесува Плусинфо.

Здружението „Аман“ сега има обврска да поднесе петиција за собирање 10.000 потписи кои ќе бидат доставени до претседателот на Собранието за предлог-законот да се најде на расправа на Собранието на Република Македонија.

Извор:Либертас

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s