Очекуваме претседателот на Собранието Трајко Вељановски официјално да потврди дека нашата иницијатива за промена на Законот за енергетика е уредна, оти две собраниски комисии кои одлучуваат за тоа веќе дадоа согласност како здружение да собираме 10.000 потписи за промена на Законот за енергетика, вели Александар Кочовски од `АМАН`.
Откако ќе го добијат одобрувањето од претседателот на Собранието, Државната изборна комисија ќе треба да ги подготви институциите за регистрирање на потписите, вели Кочовски.
Предлозите на `АМАН` се во Законот за енергетика да се внесе одредба со која на дистрибутерите на топлинска енергија струја и гас ќе им се забрани наплата на непотрошена енергија.Со оваа одредба граѓаните кои се откажале од греење да не плаќаат никаков надомест.
`АМАН` предлага да се врати и Законот за дневната евтина струја за граѓаните.
Извор:Sky.mk