Претседателот на Собранието Трајко Вељановски по пошта дава зеленото свело за собирање10 илјади потписи на граѓанската Аман. Од законодавниот дом велат дека писмото е и пратено по пошта уште во понеделникот и тие не биле виновни што здружението Аман се уште не го добило.
Граѓанската иницијатива Аман веќе има подготвено и предлог закон за енергетика кој ќе биде доставен до народните избраници, но откако ќе бидат собрани 10 илјади потписи.
Пред дваесетина дена до регулаторната комисија реагираше и Хелсиншкиот Комитет. Денеска се известени дека во двата прописи со кои се укина дневната евтина тарафи биле направени технички грешкии истите биле испратени на објавување во Службен весник.
Сепак само една исправка била објавена, остануваат уште осум акти кои се важечки а се со недостатоци стои во соопштението.
Граѓанската иницијатива Аман утре продолжува со протестите против континуираните поскапувања на енергенсите, дериватите и на храната. По веќе изминати десет протести Аман веќе доби поддршка од неколку здруженија како и од нездоволни граѓани, но не и од синдикалните организации.
Извор:24Вести