АМАН го ниша Законот за енергетика

Posted: Октомври 27, 2012 in Инфо

Граѓанската иницијатива АМАН подготви предлог-закон со кој се бара изменување и дополнување на Законот за енергетика. Со измените е предвидено граѓаните кои не ги користат услугите на топлинската енергија, електричната енергија и природен гас, давателите на услуги да не можат да им ги наплаќаат. Како што појаснуваат од АМАН, предлог-законот ќе го поднесат до Собранието, откако ќе соберат 10.000 потписи.
-Дел од измената е и дневната евтина тарифа, која според нас треба да влезе во Законот за енергетика, а не да биде регуларно со подзаконски акти. Доколку измените што ги предлагаме ги изгласаат пратениците, Регулаторната комисија за енергетика ќе има обврска да ја спроведе таа одлука и во своите подзаконски акти, односно правилниците и да ја вметне дневната евтина тарифа – вели Александар Гочев од АМАН. Тој објасни дека уредноста на иницијативата Собранието на РМ веќе ја потврдило преку двете собраниски комисии законодавно-правната и комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците каде пратениците едногласно ја прифатиле.
-Сега само очекуваме претседателот на Собранието да достави дека е уредна и во рок од 20 дена Државната изборна комисија да ги подготви локалните единици да го спроведат потпишувањето – дополнува Гочев.

Тој потсети дека АМАН продолжува со своите протести секоја сабота во 12 часот пред РКЕ оти граѓаните веќе се освестија, а тие секогаш се позади нив.
Во меѓувреме, граѓаните на соседна Србија веќе добија покрај ноќната и дневна евтина тарифа. Истовремено околу 500.000 семејства ќе плаќаат струја по бенефицирани цени.

Извор:(В.Ма.)Вечер

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s