Активистите на АМАН, утре во 12 часот, пред Владата, ќе одржат прес-конференција на која ќе бидат изнесени детали за притисоците и заканите упатени кон Активистите.
Од АМАН се загрижени од заканите по животот на Активистите.
Покрај ова на прес-конференцијата ќе бидат соопштени детали за постапката за собирање на 10,000 потписи и нејзиното можно пролонгирање од страна на Владата на Република Македонија.
– Воедно ќе го повикаме премиерот да одговори до четврток и да ја овласти ДИК да ги отвори подрачните единици за да започнеме со собирањето на потписи во спротивно ќе протестираме пред Влада на Република Македонија, се до започнување на собирањето потписи, имајќи во предвид дека Иницијативата ги помина двете собраниски комисии и доби одобрување од Собранието на Република Македонија, велат од АМАН.