Активист на „ Аман “ добил закани по живот

Posted: Октомври 30, 2012 in Инфо

Закани по животот и безбедноста на семејството добил активист на Аман информираа од граѓанската иницијатива. Две непознати лица вчера насилно го запреле активистот и му рекле дека доколку не прекине со протестите против поскапувањата и собирањето потписи, тој и неговото семејство лошо ќе поминат, велат од Аман.

Од пред Владата, Аман му порача на премиерот Груевски иницијативата за собирање 10 илјади потписи за измени во законот за енергетика навреме да ја достави до ДИК за да можат што побргу да ја отпочнат постапката.

Невладината Аман останува на иницијативата се дури не бидат исполнети барањата, за кои велат дека се граѓански а не политички па затоа за инцидентот со нивниот активист не се сомневаат во никого.

Случајот го пријавиле во полиција, а ја информирале и мисијата на ОБСЕ во земјава.

Извор:24 Вести

Коментари
  1. […] the Oct. 30 press conference, AMAN representatives informed the public [mk: 1, 2, 3; sq: 1, 2] that one of the movement's members had received threats against him and his […]

  2. […] на АМАН ја информираа јавноста дека (на македонски: 1, 2, 3; и албански: 1, 2) дека „непознати лица“ упатиле […]

Напишете коментар