Граѓанската иницијатива „АМАН“ апелира до институциите да постапат по барањето и иницијативата за собирање 10.000 потписи за измени во Законот за енергетика, за што побрзо да се реализира оваа иницијатива. Според активистите на „АМАН“, постапката е сега заглавена меѓу Собранието,Владата и Државната изборна комисија, иако поминала цела недела од првичното одобрување на иницијативата во Собранието.
Од „АМАН“ велат дека нивни активист пред неколку дена бил пресретнат од две непознати лица кои го малтретирале, му се заканувале и го убедувале да се откаже од учеството во протестите и во граѓанската иницијатива. Активистот го пријавил случајот во полиција, а ги известиле и мисиите на ОБСе и Европската унија во земјава. Од „АМАН“ велат дека и покрај притисоците и заканите, граѓанската иницијатива продолжува се до конечното исполнување на нивните барања.
Слушнете ги изјавите на активистите на „АМАН“ Васко Лазаревски и Неда Чаповска:
Извор:Радио Моф