Не ги поколебаа заканите, бојкотот на етаблираните синдикални организации, кои веднаш по објавувањето на идејата за основање на ова движење, се оградија од него.
Archive for Ноември, 2012
„Аман” повторно со протест пред Регулаторна-15 протест
Posted: Ноември 24, 2012 in ИнфоОзнаки: 15 протест
Пресинг со Зорица Димовска од Аман и Дејан Донев 21.11.2012
Posted: Ноември 23, 2012 in ВидеоОзнаки: Гостувања
Пресинг на тема „Граѓански активизам, етика и политика” со Зорица Димовска од Аман и Дејан Донев 21.11.2012
Извор: Алфа ТВ
Аман организираше и панел дискусија на која беа поканети претставиници од Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН Македонија, Mинистерството за Eкономија и рафинерија Окта.
Никој од овие институции не се појави.
На средбата дебатираа членови на граѓанското здружение Аман од повеќе градови низ земјава, членови на Xелсиншкиот комитет и платформата за „Борба протв сиромаштијата“ како и незадоволни граѓани.
Извор:24 Вести
10 илјади потписи за пониска струја и парно
Posted: Ноември 21, 2012 in ИнфоОзнаки: Инфо за потписи
АМАН доби зелено светло за иницијативата за собирање 10.000 потписи
Posted: Ноември 21, 2012 in ИнфоГраѓанската иницијатива „АМАН“ доби зелено светло од Владата да ја спроведе иницијативата за собирање 10.000 потписи за измени во Законот за енергетика, а Државната комисија за ова го известила „АМАН“ , соопшти еден од членовите на граѓанската иницијатива, Васко Лазаревски. Со ова, се отвораат локалните канцеларии на ДИК во 34 македонски општини, каде граѓаните во следните три месеци ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на иницијативата.
Инаку, „АМАН“ вечерва (20 ноември) во 18 часот во клубот ГЕМ ќе организира панел дискусија на тема : „Заштита на стандардот на граѓаните во корелација со поскапувањата“. Поканети панелисти се: Регулаторна комисија за енергетика, ЕВН Македонија, Министерство за економија, Македонска платформа против сиромаштија, Гоу грин, Комисија за економски прашања при Собрание на Република Македонија, комисија за Труд и Социјална политика при Собрание на Република Македонија, Хелсиншки комитет за човекови права, Рафинерија ОКТА.
Извор: Радио МОФ
„Граѓанската иницијатива „АМАН“ доби зелено светло од Владата да ја спроведе иницијативата за собирање 10.000 потписи за измени во Законот за енергетика, а Државната комисија за ова го известила „АМАН“ , соопшти еден од членовите на граѓанската иницијатива.
„Аман“ доби дозвола за собирање потписи за измена на законите за парно и струја
Posted: Ноември 21, 2012 in ИнфоПо 100 дена од првиот протест против покспаувањата, од грѓанската Аман велат дека денска Државната изборна комисија соопштила дека на 6- ти декември се отвараат пунктовите за собирање на потписи.
За да успее инцијатавата за промена на законот за енергетика треба да се соберат 10 илјади потписи.
Три пати досега побарале надзорна расправа но повратен одговор не добиле. Активистите обвинуваат дека се соочиле со институционални пречки.
„Во функионирањето на Аман во овие 100 дена во другите градови имаше лични закани по активистите на Аман.
Мислам дека и тоа беше причината што престанаа протестите во тие градови.
Во Скопје продолживме иако и во главниот град имавме лични закани до неколку активисти, па дури и ни се случуваа контра протести кои се организираа во ист термин кога протестиравме и ние и имавме и инстицуионално кочење.“
Протестите на Аман започнаа како резултат на револтот по континуираните поскапувања на цените на струјата, дериватите и храната. Се бара враќање на старта ефитна тарифа за стујата и намалување на цената на дериватите. Сепак и овие протести беа вовлечени во политичко сценрио. Активистите се оградуваат и најавија дека до крај ќе опстојат на инцијативата.
Овој вторник е точАманно 100 дена по оној августовски втoрник кога граѓаните излегоа на улица да кажат: АМАН! Доста е! Од тогаш имаше: 14 протести во Скопје, протести во Прилеп, Куманово, Битола и Тетово, илјадници граѓани на улиците, безброј пресови, една Народна иницијатива и огромна поддршка од народот.
Овој вторник поддршка ни даваат неколку урбани скопски ликови, онака како што најдобро можат: преку музика.
Ќе свират, пејат и пуштаат музика:
Д Далтонс
Амон Мра бенд
Мирко Попов и
Соња Исмаил
Граѓанската иницијатива АМАН на 20.11.2012 (вторник) навршува 100 дена од нејзиното
формирање и организирање на протести против поскапувањата на цените на струјата, парното и
нафтените деривати.
За таа цел на 20.11.2012 (вторник) од 18 часот во ГЕМ клубот (менада) – АМАН ќе организира
панел дискусија на тема : Заштита на стандардот на граѓаните во корелација со поскапувањата
На панел дискусијата поканети панелисти се:
Регулаторна комисија за енергетика, ЕВН Македонија, Министерство за економија,
Македонска платформа против сиромаштија, Гоу грин, Комисија за економски прашања при
Собрание на Репбулика Македонија, комисија за Труд и Социјална полтиика при Собрание на
Република Македонија, Хелсиншки комитет за човекови права, Рафиенрија – ОКТА
Поканети гости на оваа панел дискусија се членовите и вработените на следните организации:
Регулаторна комисија за енергетика, ЕВН Македонија, Министерство за економија,
Македонска платформа против сиромаштија, Гоу грин, Комисија за економски прашања при
Собрание на Репбулика Македонија, комисија за Труд и Социјална полтиика при Собрание на
Република Македонија, Хелсиншки комитет за човекови права, Рафиенрија – ОКТА, Електрани
на Македонија – ЕЛЕМ, МЕПСО, АД Топлификација, Организација на потрошувачи, Сојуз ан
синдиакти на Македонија, Конфедерација на синдикални организации на Македонија, Унија
на синдикати на Македонија, Конфедерација на слободни синдикат, Влада на Република
Македонија, Народен Правобранител, Пратенички групи во Собранието на Република
Македонија , Комисија за европски прашања при Собранието на Република Македонија,
Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања при Собранието на Република
Македонија, Претседател на Република Македонија, Политички партии, Уставен суд,
Мегународни институции, дипломатски кор и формален и неформален невладин сектор.
Отворената средба на Груевски со граѓаните на Центар, затворена за прашањата на АМАН
Posted: Ноември 19, 2012 in Видео, ИнфоВчеравечер, неколку активисти на граѓанската иницијатива АМАН присуствувале на отворената средба на граѓаните со премиерот Никола Груевски, организирана во училиштето “11 Октомври” во општина Центар.
Според активистите на АМАН, на средбата, која започнала во 18 часот, премиерот пристигнал со задоцнување од повеќе од еден час. По неколкуминутните излагања на министри и градочалници од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, премиерот го отворил форумот и дозволил да се поставуваат прашања од публиката. Како што не информираа активистите, во моментот кога тие се обидувале да постават прашање, неколку непознати лица се испречиле пред нив, оневозможувајќи го визуелниот контакт со масата со говорници и премиерот. Неколку од граѓаните, кои биле присутни на трибината, ги охрабрувале граѓаните-активисти на АМАН да се симнат во долниот дел на салата, за да може премиерот да ги види и да не бидат „покриени“ од лицата кои го оневозможувале визуелниот контакт. Откако се соочиле со овој вид на притисок, активистите на АМАН, видно револтирани, ја напуштиле салата.
Целата ситуација можете да ја видите на овие видеа, снимени од активистите на граѓанската иницијатива против поскапувањата.
Извор:Актив