Организирана група на контра демонстранти кои пристигнале со џип им упатиле низа закани на граѓанската иницијатива АМАН која моментално протестира пред седиштето на регулаторната Комисија- објави ПлусИнфо.
Очевидци телефонски за Плусинфо изјавиле дека група од контра-демонстранти, организирано со џип пристигнала на местото каде се одржуваат протестите на АМАН и преку посредник, испратила порака до нив да ги прекинат протестите со зборовите „Да ве нема!“.
Групата на контра-демонстранти била подготвена и физички да се пресмета со демонстрантите од АМАН.
За настанот АМАН ја информирала и полицијата која дошла на увид а дел од контра-протестантите сеуште биле таму и упатувале низа пцости и закани а држеле и транспаренти со фотографии на Радмила Шеќеринска.
Sky,mk