Хелсиншки: Продолжуваат притисоците врз членови од АМАН

Posted: Ноември 5, 2012 in Инфо

Дел од активистите на АМАН побараа правна помош и заштита на граѓанските права на одржување на мирни протести. Во однос на правната помош, Хелсиншкиот Комитет ги упатува и едуцира активистите за своите права и обврски како и за постапување на полицијата на секој од протестите воедно и за можностите согласно нивните граѓански и политички права да учествуваат во донесувањето на одлуки преку механизмите за непосредна демократија, подготовка на правни иницијативи, обраќање до институции и практицирање на политичките права на граѓаните, односно нивно учество во донесувањето на одлуки преку Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, се вели во денешната реакција од Хелсиншкиот комитет.

Хелсиншкиот комитет упатува апел до сите политички партии да не ги пренесуваат меѓусебните недоразбирања и омраза помеѓу граѓаните и еднакво да ги обезбедат граѓанските и политички права на секој човек во Република Македонија.

– Со поддржување на овие закани или нереагирање на институциите се оправдуваат активностите на членовите на партиите како легитимни со што се создава и поттикнува политичка омраза, но и одмазда помеѓу членови на партиите кои пред се треба да бидат одговорни граѓани и еднакви во своите права и достоинство како луѓе. На долг рок, овие активности би биле погубни за развој на демократијата, но и пристапот до граѓанските и политички права на граѓаните, велат од Хелсиншкиот Комитет.

Ако практиката продолжи, независно од тоа која партија е на власт, граѓаните само ќе добијат уште еден основ на поделба и висок степен на омраза во општеството наспроти еднаквиот третман и еднаков пристап до правата и слободите во една правна и демократска држава како што би требало да биде Република Македонија, велат од Комитетот.

Хелсиншкиот Комитет, се вели во писмениот допис до медиумите, ќе продолжи да ги мониторира мирните протести на АМАН и во континуитет ќе презема мерки за правна заштита на претставниците на движењето, но ќе бара и итно постапување од страна на Министерството за внатрешни работи по непостапување на полициските службеници по пријавата за директни закани за време на протестот на трети овој месец.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s