„Аман“: Премиере ние сме народот!

Posted: Ноември 7, 2012 in Инфо

Граѓанското здружение „Аман“ денеска уште еднаш го повика премиерот Никола Груевски да не ги спречува да ја реализираат иницијативата за собирање 10.000 потписи за измена на Законот за енергетика, и да го препрати нивното барање до Државната изборна комисија.

– Изминаа 14 дена откако писмото од Собранието е испратено до премиерот, но сè уште немаме информација дека премиерот ја одобрил иницијативата и ја информирал Државната изборна комисија да го организира натаму процесот на собирање потписи – вели Александар Кочовски.

Иако премиерот нема ограничување на рокот во кој треба да реагира на писмото од Собранието, сепак од „Аман“ сметаат дека со одлагање на реакцијата на владата се сака да се запре иницијативата.

– Го молиме премиерот да не го кочи процесот и да ни дозволи да ги собираме потписите, па ќе видиме дали ќе успееме во тоа. Граѓаните сами нека одлучат дали ја прифаќаат иницијативата или не – речеи Зорица Димовска.

Од „Аман“ реагираа и на летоците кои утрово беа расфрлани низ центарот на Скопје во кои граѓанската иницијатива се поврзува со СДСМ.

– Ќе беше убаво оние кои ги испечатиле летоците, парите, а сметаме дака не се малку, да ги потрошија на заштита на граѓанските права. Владата вели дека е народна, па и ние сме народот. Протестираме за оние кои не можат да ги платат сметките – рече Димовска.

Потсетуваме, рече таа, дека зад нас стојат сиромашните, но не и партиите. Добро би било и тие да се вклучат во граѓанската иницијатива, зашто голем број нивни членови се меѓу нас, зашто и тие не можат да ги платат сметките за струја и за парно.

– Нека дојдат од Владата и од ВМРО-ДПМНЕ на протестите и ќе видат нивни членови – додаде Димовска.

Р.И.М.: Плусинфо

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s