Отворената средба на Груевски со граѓаните на Центар, затворена за прашањата на АМАН

Posted: Ноември 19, 2012 in Видео, Инфо

Вчеравечер, неколку активисти на граѓанската иницијатива АМАН присуствувале на отворената средба на граѓаните со премиерот Никола Груевски, организирана во училиштето “11 Октомври” во општина Центар.

Според активистите на АМАН, на средбата, која започнала во 18 часот, премиерот пристигнал со задоцнување од повеќе од еден час. По неколкуминутните излагања на министри и градочалници од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, премиерот го отворил форумот и дозволил да се поставуваат прашања од публиката. Како што не информираа активистите, во моментот кога тие се обидувале да постават прашање, неколку непознати лица се испречиле пред нив, оневозможувајќи го визуелниот контакт со масата со говорници и премиерот. Неколку од граѓаните, кои биле присутни на трибината, ги охрабрувале граѓаните-активисти на АМАН да се симнат во долниот дел на салата, за да може премиерот да ги види и да не бидат „покриени“ од лицата кои го оневозможувале визуелниот контакт. Откако се соочиле со овој вид на притисок, активистите на АМАН, видно револтирани, ја напуштиле салата.

Целата ситуација можете да ја видите на овие видеа, снимени од активистите на граѓанската иницијатива против поскапувањата.

Извор:Актив

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s