По 100 дена од првиот протест против покспаувањата, од грѓанската Аман велат дека денска Државната изборна комисија соопштила дека на 6- ти декември се отвараат пунктовите за собирање на потписи.
За да успее инцијатавата за промена на законот за енергетика треба да се соберат 10 илјади потписи.
Три пати досега побарале надзорна расправа но повратен одговор не добиле. Активистите обвинуваат дека се соочиле со институционални пречки.
„Во функионирањето на Аман во овие 100 дена во другите градови имаше лични закани по активистите на Аман.
Мислам дека и тоа беше причината што престанаа протестите во тие градови.
Во Скопје продолживме иако и во главниот град имавме лични закани до неколку активисти, па дури и ни се случуваа контра протести кои се организираа во ист термин кога протестиравме и ние и имавме и инстицуионално кочење.“
Протестите на Аман започнаа како резултат на револтот по континуираните поскапувања на цените на струјата, дериватите и храната. Се бара враќање на старта ефитна тарифа за стујата и намалување на цената на дериватите. Сепак и овие протести беа вовлечени во политичко сценрио. Активистите се оградуваат и најавија дека до крај ќе опстојат на инцијативата.