АМАН доби зелено светло за иницијативата за собирање 10.000 потписи

Posted: Ноември 21, 2012 in Инфо

Граѓанската иницијатива „АМАН“ доби зелено светло од Владата да ја спроведе иницијативата за собирање 10.000 потписи за измени во Законот за енергетика, а Државната комисија за ова го известила „АМАН“ , соопшти еден од членовите на граѓанската иницијатива, Васко Лазаревски. Со ова, се отвораат локалните канцеларии на ДИК во 34 македонски општини, каде граѓаните во следните три месеци ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на иницијативата.

Инаку, „АМАН“ вечерва (20 ноември) во 18 часот во клубот ГЕМ ќе организира панел дискусија на тема : „Заштита на стандардот на граѓаните во корелација со поскапувањата“. Поканети панелисти се: Регулаторна комисија за енергетика, ЕВН Македонија, Министерство за економија, Македонска платформа против сиромаштија, Гоу грин, Комисија за економски прашања при Собрание на Република Македонија, комисија за Труд и Социјална политика при Собрание на Република Македонија, Хелсиншки комитет за човекови права, Рафинерија ОКТА.

Извор: Радио МОФ

Коментари
  1. Vasil Trajkovski вели:

    Objavete kade se moze da se potpisuvaat lugjeto niz Skopje,ne e dovolno informiran narodot zalno bi bilo da ne uspee ovaa inicijativa.Samo napred imate podrska od golem broj lugje.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s