По 14. пат, во центарот на Скопје протестираа приврзаниците на движењето АМАН.
ПРЕМИЕРОТ СЕ ОГЛУШИ ОД ОБВРСКАТА КОН „АМАН“ – Телма Телевизија.
По 14. пат, во центарот на Скопје протестираа приврзаниците на движењето АМАН.
ПРЕМИЕРОТ СЕ ОГЛУШИ ОД ОБВРСКАТА КОН „АМАН“ – Телма Телевизија.
Претставниците на движењето за спречување на поскапувањата „Аман“ и денес продефилираа низ скопските улици, како и секоја сабота. впрочем.
Не ги поколебаа ни заканите, ниту, пак, бојкотот на етаблираните синдикални организации, кои веднаш по објавувањето на идејата за основање на ова движење, побрзаа да се оградат од него.
Додека на граѓаните им стигнуваат двојни или тројни сметки за ТВ претплата на иста адреса и додека „Топлификација“ започна да испраќа високи сметки и за оние грашани кои се исклучени од системот на парно греење, синдикатите се зафатени со спојувања, како она на Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободните синдикати и продажба и шпекулации со синдикалниот имот (ССМ го продава имотот во Прилеп).
Од друга страна, „Аман“ секоја сабота е меѓу народот. Синдикалните претставници не сакаа да се појават меѓу работниците дури ни на 1 Мај, кога тие, наместо да излезат на улица раме до раме со работниците, за кои велат дека ги претставуваат, на овој датум организираа семинар против мобингот, зашто во земјава во однос на работничките права сите проблеми се решени и остана да се реши уште овој.
„Аман“ ќе продолжи да се биде присутен меѓу Скопјани секоја сабота, се додека не се решат нивните барања за запирање на галопирачките поскапувања.
Фото: Плусинфо
Денеска со почеток во 12 часот, АМАН има најавено протест пред пред зградата на Регулаторната комисија за енергетика.
Претходната недела, здружението ја започна иницијативата за собирање на 10.000 потписи со која ќе бара да се извршат измени во Законот за енергетика, а како што најавија нивното барање ќе го препрати и до Државната изборна комисија.
Извор:sky,mk
Овој ќе биде 13 протест на Граѓанската иницијатива кое го крева својот глас против поскапувањата. Минатата недела „Аман“ ја започна иницијативата за собирање 10.000 потписи за измена на Законот за енергетика, а како што најавија нивното барање ќе го препратат и до Државната изборна комисија.
Граѓанската иницијатива против поскапувањата Аман соопштува дека сеуште не почнале со собирање на потписи за враќање на ефтината тарифа на струјата бидејќи институциите сеуште не им ги отвориле подрачните канцеларии за собирање на потписи.На протестите на Аман им се приклучија и кумановските стечајци.
Извор:24Вести
На протестот кој започна пред Регулаторната комисија и заврши пред Владата протестантите носеа и фенер за да може, како што беше изјавено, полесно да се најде одговорот на нивното прашање зошто Владата не ја заврши процедурата за да може Државната изборна комисија (ДИК) да им овозможи собирање на 10.000 потписи за промена на Законот за енергетика. На протестот на „АМАН“ денеска им се придружија и стечајни работници.
Извор Плусинфо.мк
„Аман“ побара премиерот Никола Груевски да го проследи известувањето од претседателот на Собранието Трајко Велјановски до ДИК и да започне собирањето на потписи за измена на законот за енергетика и правилникот на Топлификација.
ALFA TV – Македонија – Постери против „Аман“: Активистите се марионети на СДСМ.
Граѓанското здружение „Аман“ денеска уште еднаш го повика премиерот Никола Груевски да не ги спречува да ја реализираат иницијативата за собирање 10.000 потписи за измена на Законот за енергетика, и да го препрати нивното барање до Државната изборна комисија.
– Изминаа 14 дена откако писмото од Собранието е испратено до премиерот, но сè уште немаме информација дека премиерот ја одобрил иницијативата и ја информирал Државната изборна комисија да го организира натаму процесот на собирање потписи – вели Александар Кочовски.
Иако премиерот нема ограничување на рокот во кој треба да реагира на писмото од Собранието, сепак од „Аман“ сметаат дека со одлагање на реакцијата на владата се сака да се запре иницијативата.
– Го молиме премиерот да не го кочи процесот и да ни дозволи да ги собираме потписите, па ќе видиме дали ќе успееме во тоа. Граѓаните сами нека одлучат дали ја прифаќаат иницијативата или не – речеи Зорица Димовска.
Од „Аман“ реагираа и на летоците кои утрово беа расфрлани низ центарот на Скопје во кои граѓанската иницијатива се поврзува со СДСМ.
– Ќе беше убаво оние кои ги испечатиле летоците, парите, а сметаме дака не се малку, да ги потрошија на заштита на граѓанските права. Владата вели дека е народна, па и ние сме народот. Протестираме за оние кои не можат да ги платат сметките – рече Димовска.
Потсетуваме, рече таа, дека зад нас стојат сиромашните, но не и партиите. Добро би било и тие да се вклучат во граѓанската иницијатива, зашто голем број нивни членови се меѓу нас, зашто и тие не можат да ги платат сметките за струја и за парно.
– Нека дојдат од Владата и од ВМРО-ДПМНЕ на протестите и ќе видат нивни членови – додаде Димовска.
Дел од активистите на АМАН побараа правна помош и заштита на граѓанските права на одржување на мирни протести. Во однос на правната помош, Хелсиншкиот Комитет ги упатува и едуцира активистите за своите права и обврски како и за постапување на полицијата на секој од протестите воедно и за можностите согласно нивните граѓански и политички права да учествуваат во донесувањето на одлуки преку механизмите за непосредна демократија, подготовка на правни иницијативи, обраќање до институции и практицирање на политичките права на граѓаните, односно нивно учество во донесувањето на одлуки преку Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, се вели во денешната реакција од Хелсиншкиот комитет.
Хелсиншкиот комитет упатува апел до сите политички партии да не ги пренесуваат меѓусебните недоразбирања и омраза помеѓу граѓаните и еднакво да ги обезбедат граѓанските и политички права на секој човек во Република Македонија.
– Со поддржување на овие закани или нереагирање на институциите се оправдуваат активностите на членовите на партиите како легитимни со што се создава и поттикнува политичка омраза, но и одмазда помеѓу членови на партиите кои пред се треба да бидат одговорни граѓани и еднакви во своите права и достоинство како луѓе. На долг рок, овие активности би биле погубни за развој на демократијата, но и пристапот до граѓанските и политички права на граѓаните, велат од Хелсиншкиот Комитет.
Ако практиката продолжи, независно од тоа која партија е на власт, граѓаните само ќе добијат уште еден основ на поделба и висок степен на омраза во општеството наспроти еднаквиот третман и еднаков пристап до правата и слободите во една правна и демократска држава како што би требало да биде Република Македонија, велат од Комитетот.
Хелсиншкиот Комитет, се вели во писмениот допис до медиумите, ќе продолжи да ги мониторира мирните протести на АМАН и во континуитет ќе презема мерки за правна заштита на претставниците на движењето, но ќе бара и итно постапување од страна на Министерството за внатрешни работи по непостапување на полициските службеници по пријавата за директни закани за време на протестот на трети овој месец.
Членовите на граѓанската иницијатива „Аман“ повторно добија закани