Граѓанското иницијатива„Аман“ е задоволно како тече акцијата за собирање 10.000 потписи за промена на Законот за енергетика.
– Според она што го имаме како податок, иако нецелосен,бидејжи немаме податоци за сите 34 подрачни единици на Државната изборна комисија, уште на првиот ден се собран и околу 1.000 потписи од граѓаните – вели Џелал Хоџиќ.
Од Аман се убедени дека пред дадениот рок ќе успеат да ги соберат бараните 10.000 потписи за промена на Законот за енергетика.
– И вчера имаше интерес кај граѓаните, но и денеска на протестот во Прилеп голем број граѓани бараа информација каде да се потпишат. Дел од нив бараа и флаери за да ги поттикнат нивнитер сограѓани да го дадат својот потпис за иницијативата на „Аман“ – вели Хоџиќ.
Според него, денеска во Прилеп голем број граѓани се придружиле на иницијативата на „Аман“ и ги подржуваат барањата за пониски цени на струјата, парното и горивата.
Извор:Р.И.М.Плусинфо