Archive for Јануари, 2013
ALFA TV – Економија – 13169 потписи на „Аман“ влегоа во Собрание
Posted: Јануари 30, 2013 in Видео, ИнфоИницијатива на „Аман“ за враќање на евтината дневна струја влезе во Собранието. 13.169граѓани чекаат дали владеачкото мнозинство ќе ги поддржи измените во законот за енргетика. Аман бара да престане и практиката на Топлификација да наплаќа на исклучените од мрежата за парно греењe
ALFA TV – Економија – 13169 потписи на „Аман“ влегоа во Собрание.
Драги луѓе,собрани се 13178 потписи.
Ви благодариме на сите и Ве покануваме да ни се придружите утре при предавањето на потписите. Протестниот марш ќе започне во 14 часот, пред спомен-куќата на Мајка Тереза. Потписите одат во Собранието, а ние ќе очекуваме пратениците да ни ги изгласаат предлог-измените за кои се потпишувавме.
АМАН останува наднационална и надпартиска иницијатива, со граѓански барања на луѓе кои се различни, но обединети против скапотијата. Како што рече еден човек: „Наше е да си ја бараме правдата, па нека нè изненади да ја најдеме.“
Нека ни е со среќа!!!
13 илјади потписи пред 81 пратеник. Граѓанската иницијативата АМАН утре ќе ги достави потписите во Собранието за измена во законот за енергетика.
Од пратениците ќе зависи дали струјата ќе поевтини и дали нема повеќе да им стигаат сметки за парно на граѓаните за услугата која не ја користат.
Откога Регулаторна ја укина дневната евтина тарифа и во истовреме ја поскапе цената на струјата и параното, но и ги обврза граѓаните кои се откажале од парното да плаќаат надомес се формираше граќанската инцијатива АМАН.
Невладината секој вторник во континуитет два месеци протестираше пред институциите и ја бараше поддршката од надлежните.
За успехот на оваа граѓанска иницијатива, односот на институциите и шпекулациите за партиско полтички манипуации за НОВА зборува Џелал Хоџиќ.
Утре, 30 јануари, со почеток во 14 часот, кај спомен – куќата на Мајка Тереза, граѓанската иницијатива АМАН ќе го започне протестниот марш, кој ќе финишира пред Парламентот со предавање на 13.000 потписи.
Потписите беа собрани во официјална постапка за предлагање на закони до Парламентот директно од граѓаните.
– Ова е успех за сите нас. Во оваа иницијатива учествуваа граѓани од различни народи, вери, со различни политички убедувања. Тоа не нè разедини, туку напротив, АМАН успеа да стане симбол на граѓанското, на натпартиското и наднационалното. На сите што учествуваа и придонесоа за оваа иницијатива, искрено им честитаме и им благодариме, и ги повикуваме, како и сите граѓани, да ни се приклучат на утрешното предавање на потписите“ изјавија претставниците на АМАН на денешната прес –конференција пред канцелариите на Регулаторната комисија за енергетика.
Како што соопштуваат од АМАН, предавањето на потписите за овој предлог-закон за менување на легислативата во енергетиката се случува во специфичен миг, во услови на нарушена парламентарна демократија.
„Сепак, одговорноста на АМАН е кон оние 13.000 граѓани кои го дадоа својот потпис за оваа иницијатива. Затоа, ќе ги предадеме предлогот и потписите во овој Парламент, таков каков што е, без претставници на опозицијата. И да беа внатре, немаше да биде доволно, оти, сепак, за да помине, на овој предлог му требаат гласовите на мнозинството во Собранието.
– Одговорноста сега е уште поочигледно лоцирана кај нив, и затоа очекуваме, оние пратеници и политички партии кои се на власт, како и другите две парламентарни опозициски партии, да го поддржат и усвојат предлогот на граѓаните“, соопштија од АМАН.
“Прво, нашите барања со овој предлог се скромни: да се врати дневната евтина тарифа за струјата, и да не им се наплаќа парно на оние што не го користат. Замислете, бараме да имаме право да го користиме она олеснување што сме го користеле со децении, и бараме луѓето да не плаќаат нешто што не го користат. Малку, во однос на огромните издатоци за енергенси, кои директно или индиректно ги оптоваруваат граѓаните.
– Второ, по последните случувања во Парламентот, прифаќањето на иницијативата на АМАН ќе биде добар аргумент за владејачкото мнозинство дека, сепак, легитимно ги претставува и ги брани интересите на граѓаните. А оваа иницијатива е изворно граѓанска, најдиректно е поврзана со интересите на граѓаните, и ја поддржуваат 13.000 граѓани, различни по многу основи, но обединети во маката од скапотијата“, велат во АМАН.
Nova Tv
АМАН ГИ СОБРА НЕОПХОДНИТЕ ПОТПИСИ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА – Телма Телевизија
Posted: Јануари 15, 2013 in ИнфоАМАН го собра потребниот број на потписи од граѓани за да може да се покрене иницијатива во Собранието на Македонија за промена на Законот за енергетика. Од движењето денеска изјавија дека се собрани 11 илјади потписи од граѓани, (илјада потписи повеќе од неопходниот број), но и дека граѓаните и натаму, до крајот на месецов, можат да го дадат својот потпис како дополнителна поддршка за измени на законот. Во АМАН велат дека очекуваат иницијативата да биде прифатена без оглед на тоа што опозицијата не е во парламентот и во интерес на граѓаните, владејачкото мнозинство да донесе нов закон.
АМАН ГИ СОБРА НЕОПХОДНИТЕ ПОТПИСИ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА – Телма Телевизија.
И покрај тоа што се собрани потребните 10 000 потписи, иницијативата за собирање потписи на сите оние кои ги поддржуваат нашите барања продолжува. Тоа е така затоа што сè додека со ДИК не се средат техничките детали за затворањето на постапката, нам ни оди во прилог што повеќе граѓани, преку својот потпис, да застанат зад оваа иницијатива. На денот на предавањето на потписите во Собранието на Р. Македонија, тоа ќе значи дека сите тие граѓани дошле пред Народниот дом да побараат од своите претставници да ги изгласаат предлог-измените на Законот за енергетика: задолжителна дневна тричасовна евтина тарифа за електричната енергија и непостоење законска обврска на исклучените од топлинска енергија да плаќаат каков било надоместок.
Аман ја доби поддршката од народот за промена на Законот за енергетика
Posted: Јануари 14, 2013 in ИнфоГраѓанската иницијатива „Аман“ ги собра потребните потписи за промена на Законот за енергетика.
Поради тоа „Аман“ побарале од Државната изборна комисија (ДИК) да ја прекине постапката за собирање потписи, оти во рекорден рок се собрани над 11.000 потписи од граѓаните.
„Државната изборна комисија сега треба да се произнесе по нашето барање, со што ќе ни овозможи да го собереме материјалот од подрачните единици на ДИК во кои граѓаните даваа потписи. Во рок од три дена од почетокот на собирањето на материјалот ние треба да го доставиме до Собранието на Република Македонија,“ вели Џелал Хоџиќ, активист во изјава за порталот „Плусинфо“.
„Аман“ процедурата за собирање потписи за промена на Законот за енергетика официјално треба да ја заврши на 31 јануари, па дури потоа да го собере материјалот и да го достави до Собранието. Потоа, Собранието на РМ на пленарна седница треба да ја утврди потребата од измените на Законот за енергетика и потоа да почне редовната собраниска процедура за промени на законот, јави порталот.
„Аман“ предлага воведување на три часа дневна евтина струја, како и законско регулирање на плаќањето на парното греење во кое ќе стои дека граѓаните кои се откажале од парно нема да плаќаат никаков надоместок.
Извор:МКД
Во рекорден рок, граѓанската иницијатива „Аман“ собра 11.000 потписи за промена за Законот за енергетика и побара Државната изборна комисија да ја прекине постапката за собирање на потписи.
– Државната изборна комисија сега треба да се произнесе по нашето барање, со што ќе ни овозможи да го собереме материјалот од подрачните единици на ДИК во кои граѓаните даваа потписи. Во рок од три дена од почетокот на собирањето на материјалот ние треба да го доставиме до Собранието на Република Македонија – вели Џелал Хоџиќ, активист.
Сепак целата постапка на Аман за собирање потписи треба да заврши на 31 јануари па дури потоа да го достави материјалот до Собранието.
Потоа, Собранието на РМ на пленарна седница треба да ја утврди потребата од измените на Законот за енергетика и потоа да почне редовната собраниска процедура за промени на законот.
Со барањето за прекинување на постапката активистите на „Аман“се надеваат дека навреме ќе ги завршат процедурите и ќе го достават материјалот до Собранието за тоа да може пред локалните избори да се произнесе за оправданоста на бараните измени на Законот за енергетика.
Преку иницијативата на АМАН се бараше на воведување на три часа дневна евтина струја како и законско регулирање на плаќањето на парно.
Извор:Sky.mk