Граѓанската иницијатива „Аман“ ги собра потребните потписи за промена на Законот за енергетика.
Поради тоа „Аман“ побарале од Државната изборна комисија (ДИК) да ја прекине постапката за собирање потписи, оти во рекорден рок се собрани над 11.000 потписи од граѓаните.
„Државната изборна комисија сега треба да се произнесе по нашето барање, со што ќе ни овозможи да го собереме материјалот од подрачните единици на ДИК во кои граѓаните даваа потписи. Во рок од три дена од почетокот на собирањето на материјалот ние треба да го доставиме до Собранието на Република Македонија,“ вели Џелал Хоџиќ, активист во изјава за порталот „Плусинфо“.
„Аман“ процедурата за собирање потписи за промена на Законот за енергетика официјално треба да ја заврши на 31 јануари, па дури потоа да го собере материјалот и да го достави до Собранието. Потоа, Собранието на РМ на пленарна седница треба да ја утврди потребата од измените на Законот за енергетика и потоа да почне редовната собраниска процедура за промени на законот, јави порталот.
„Аман“ предлага воведување на три часа дневна евтина струја, како и законско регулирање на плаќањето на парното греење во кое ќе стои дека граѓаните кои се откажале од парно нема да плаќаат никаков надоместок.
Извор:МКД