АМАН го собра потребниот број на потписи од граѓани за да може да се покрене иницијатива во Собранието на Македонија за промена на Законот за енергетика. Од движењето денеска изјавија дека се собрани 11 илјади потписи од граѓани, (илјада потписи повеќе од неопходниот број), но и дека граѓаните и натаму, до крајот на месецов, можат да го дадат својот потпис како дополнителна поддршка за измени на законот. Во АМАН велат дека очекуваат иницијативата да биде прифатена без оглед на тоа што опозицијата не е во парламентот и во интерес на граѓаните, владејачкото мнозинство да донесе нов закон.
АМАН ГИ СОБРА НЕОПХОДНИТЕ ПОТПИСИ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА – Телма Телевизија.