Протестен марш на АМАН

Posted: Јануари 29, 2013 in Видео, Инфо

Утре, 30 јануари, со почеток во 14 часот, кај спомен – куќата на Мајка Тереза, граѓанската иницијатива АМАН ќе го започне протестниот марш, кој ќе финишира пред Парламентот со предавање на 13.000 потписи.

Потписите беа собрани во официјална постапка за предлагање на закони до Парламентот директно од граѓаните.

– Ова е успех за сите нас. Во оваа иницијатива учествуваа граѓани од различни народи, вери, со различни политички убедувања. Тоа не нè разедини, туку напротив, АМАН успеа да стане симбол на граѓанското, на натпартиското и наднационалното. На сите што учествуваа и придонесоа за оваа иницијатива, искрено им честитаме и им благодариме, и ги повикуваме, како и сите граѓани, да ни се приклучат на утрешното предавање на потписите“ изјавија претставниците на АМАН на денешната прес –конференција пред канцелариите на Регулаторната комисија за енергетика.

Како што соопштуваат од АМАН, предавањето на потписите за овој предлог-закон за менување на легислативата во енергетиката се случува во специфичен миг, во услови на нарушена парламентарна демократија.

„Сепак, одговорноста на АМАН е кон оние 13.000 граѓани кои го дадоа својот потпис за оваа иницијатива. Затоа, ќе ги предадеме предлогот и потписите во овој Парламент, таков каков што е, без претставници на опозицијата. И да беа внатре, немаше да биде доволно, оти, сепак, за да помине, на овој предлог му требаат гласовите на мнозинството во Собранието.

– Одговорноста сега е уште поочигледно лоцирана кај нив, и затоа очекуваме, оние пратеници и политички партии кои се на власт, како и другите две парламентарни опозициски партии, да го поддржат и усвојат предлогот на граѓаните“, соопштија од АМАН.

“Прво, нашите барања со овој предлог се скромни: да се врати дневната евтина тарифа за струјата, и да не им се наплаќа парно на оние што не го користат. Замислете, бараме да имаме право да го користиме она олеснување што сме го користеле со децении, и бараме луѓето да не плаќаат нешто што не го користат. Малку, во однос на огромните издатоци за енергенси, кои директно или индиректно ги оптоваруваат граѓаните.

– Второ, по последните случувања во Парламентот, прифаќањето на иницијативата на АМАН ќе биде добар аргумент за владејачкото мнозинство дека, сепак, легитимно ги претставува и ги брани интересите на граѓаните. А оваа иницијатива е изворно граѓанска, најдиректно е поврзана со интересите на граѓаните, и ја поддржуваат 13.000 граѓани, различни по многу основи, но обединети во маката од скапотијата“, велат во АМАН.

Nova Tv

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s