Пратениците гласаа против иницијативата на АМАН

Posted: Февруари 13, 2013 in Инфо
                                                                                                      Пратениците во Собранието со 49 гласа „за“, 4 „против“ и 11 „воздржано“ гласаа против измените во Законот за енергетика и ја отфрлија иницијативата на граѓанската иницијатива АМАН, со која се бараше да се врати ефтината дневна тарифа на електрична енергија и да не им се наплаќа надомест за топлинска енергија на корисниците во Скопје кои се исклучиле од системот.
Зорица Димовска, овластен предлагач на законот, во образложение  пред пратениците  побара да се прифатат барањата во интерес на егзистенцијата на граѓаните, којашто се загрозувала со постојанo зголемување на цената на електричната енергија и на парното греење.
Таа побара да се почитуваат потписите на 13.169 граѓани и да се свика јавна расправа со експерти за да им се помогне на потрошувачите на струја.
Сузана Салиу од ДУИ оцени дека барањето на АМАН е оправдано, разумно и реално и е во согласност со економските околности.
Според пратеничката од Социјалистичката партија Владанка Авировиќ, пак прифаќањето на барањето на АМАН за враќање на евтината дневна тарифа ќе значи покачување на цената на струјата. Поради тоа, посочи, пратениците се во ситуација да се решат за рационални или емотивни одлуки.
Барањето на АМАН е оправдано и за пратеникот од НДП Изет Зеќири. Реплицирајќи и на Авировиќ, тој изнесе тврдење дека  зголемувањето на цената на струјата е резултат на зголемените оперативни трошоци на енергетските компании ЕЛЕМ и МЕПСO за 346 проценти, кои не биле во функција на подбрување на енергетскиот систем.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Васко Пашевски истакна дека Собранието нема никакви ингеренции за барањата на АМАН и оти надлежна била Регулаторната комисија за енергетика, како независно тело.
Извор: 24 Вести

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s