Ќотекот по грбот на граѓаните е најдобра мерка за штедењето!

Posted: Февруари 13, 2013 in Инфо

552157_3749465654402_1118041114_nПред малку во Собранието почна расправата по иницијативата на АМАН за враќање на дневната евтина тарифа, и да не се плаќа за услугите кои граѓните не ги добиваат.
„На 14 август лани стартувавме со протести со цел да ја запознаеме јавноста за нетранспарентното работете на Регулаторната комисија за енергетика. Поради таквото работење дојде до поскапување на струјата, на останатите енергенси. Се укина дневната евтина тарифа. Но, протестите не беа доволни, никој не сакаше да нѐ контактира, моравме да почнеме со протести. Протестиравме секоја недела почнувајчи пред Комисијата, а тие не почувствуваа потреба да ни се обратат“, изјави Зорица Димовска, овластениот предлагач на иницијативата.
Таа порача дека Хелсиншкиот комитет веќе се изјасни дека 11 од 15 донесени пропис на РЕКЕ не се легитимни.

„А имавме и закани, да не протестираме. И овде во собранието не нѐ дочекаа со почит, иако се пријавивме регуларно да ја следиме седницата за интерпелација на претседателот на РКЕ, тоа не ни беше дозволено. Останавме надвор. Нема да ви објаснувам колку труд, енергија и пари потрошивме, но ние сме само граѓанска иницијатива, обединета во борбата против поскапувањата. Ние сме 13 169 граѓани кои бараат промена на закон. Вам, како пратеници од народот Ви порачувам да нѐ поддржите, Вие сте последната инстанца што може да го пробие молкот на институциите“, вели Димовска.

На први август струјата поскапи за 10 %, а беше укината дневната евтина тарифа, затоа што според РКЕ така ќе се намалел увозот на струја. Граѓаните сега треба да перат по 22 часот, да станат ноќни птици.
„РКЕ реши дека поскапувањата се мајка на штедењето, или ќотекот по грбот на граѓаните е најдобра мерка за штедењето“, изјави Димовска од парламентарната говорница.
Таа порача дека животниот стандард е низок, платите не ги следат поскапувањата.

„Бараме да нѐ заштитите и да изгласате законска обврска со која секоја енергетска компанија мора да има дневна евтина тарифа. И граѓаните да не плаќаат за услугата која не ја добиваат, за парното греење.
Ако сте решиле да ја отфрлите иницијативата на АМАН, сторете го тоа. Но тоа ќе значи дека не ги почитувате барањата на граѓаните. Барем, почитувајте го ставот на ДУИ и ДПА. Тие нѐ разбраа. Да организираме јавна експертска дебата за ова, тогаш вистината ќе излезе на виделина“, заврши предлагачот на иницијативата на АМАН.

Извор: Фактор

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s