Archive for the ‘Видео’ Category

24 Вести

ВИДЕО: „АМАН“ ќе продолжи со протестите

Пратениците уште еднаш го отфрлија барањето на граѓанската иницијатива „АМАН“ за поевтина струја и парно. За време на денешната расправа, собраниската законодавно-правна комисија не ги прифати предложените измени на Законот за енергетика со образложение дека нема услови Собранието законски да и наложи на Регулаторната комисија за енергетика како трајна мерка да ја воведе евтината дневна тарифа за струја.

Против граѓанската иницијатива, инаку поддржана од над 13 илјади граѓани, гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а пратеничката Сузана Салиу од ДУИ остана воздржана. Пратениците од опозициската СДСМ не присуствуваа на расправата.

Собранието денеска ја стави иницијативата на „АМАН“  и на дневен ред на денешната пленарна седница. Според најавите, партиите ДУИ, ДПА и НДП најавија дека ќе го поддржат барањето на „АМАН“, додека од ВМРО ДПМНЕ посочија дека ќе го прифатат ставот на собраниските комисии.

Инаку пред неколку дена Kомисијата за економски прашања го отфрли предлогот на „АМАН“ со образложение дека доколку се врати дневната евтина тарифа, со тоа ќе се оптоварат електраните, ќе се зголеми увозот на скапа струја и ќе поскапи  електричната енергија. Претставниците на  „АМАН“ најавија дека доколку не добијат поддршка за нивните барања во Собранието, можно е да покренат поголема акција за собирање 150.000 потписи за референдум за овие прашања.

Извор: Радио Моф

Претставниците од граѓанската иницијатива АМАН не ја прифаќаат споредбата на Македонија со останатите земји од регионот и Европа, бидејќи не бил споредлив ниту стандардот на граѓаните.

Иако АМАН доби првичен негативен сигнал од надлежните, останува надеж дека предложените измени на законот за енергетика сепак ќе го поминат комисискиот филтер и ќе се најдат на пленарна седница пред пратениците, кои се на потег.

ALFA TV – Економија – АМАН не доби амин за враќање на дневната евтина струјата.

Иницијатива на „Аман“ за враќање на евтината дневна струја влезе во Собранието.  13.169граѓани чекаат дали владеачкото мнозинство ќе ги поддржи измените во законот за енргетика. Аман бара да престане и практиката на Топлификација да наплаќа на исклучените од мрежата за парно греењe

ALFA TV – Економија – 13169 потписи на „Аман“ влегоа во Собрание.

13 илјади потписи пред 81 пратеник. Граѓанската иницијативата АМАН утре ќе ги достави потписите во Собранието за измена во законот за енергетика.

Од пратениците ќе зависи дали струјата ќе поевтини и дали нема повеќе да им стигаат сметки за парно на граѓаните за услугата која не ја користат.

Откога Регулаторна ја укина дневната евтина тарифа и во истовреме ја поскапе цената на струјата и параното, но и ги обврза граѓаните кои се откажале од парното да плаќаат надомес се формираше граќанската инцијатива АМАН.

Невладината секој вторник во континуитет два месеци протестираше пред институциите и ја бараше поддршката од надлежните.

За успехот на оваа граѓанска иницијатива, односот на институциите и шпекулациите за партиско полтички манипуации за НОВА зборува Џелал Хоџиќ.

Протестен марш на АМАН

Posted: Јануари 29, 2013 in Видео, Инфо

Утре, 30 јануари, со почеток во 14 часот, кај спомен – куќата на Мајка Тереза, граѓанската иницијатива АМАН ќе го започне протестниот марш, кој ќе финишира пред Парламентот со предавање на 13.000 потписи.

Потписите беа собрани во официјална постапка за предлагање на закони до Парламентот директно од граѓаните.

– Ова е успех за сите нас. Во оваа иницијатива учествуваа граѓани од различни народи, вери, со различни политички убедувања. Тоа не нè разедини, туку напротив, АМАН успеа да стане симбол на граѓанското, на натпартиското и наднационалното. На сите што учествуваа и придонесоа за оваа иницијатива, искрено им честитаме и им благодариме, и ги повикуваме, како и сите граѓани, да ни се приклучат на утрешното предавање на потписите“ изјавија претставниците на АМАН на денешната прес –конференција пред канцелариите на Регулаторната комисија за енергетика.

Како што соопштуваат од АМАН, предавањето на потписите за овој предлог-закон за менување на легислативата во енергетиката се случува во специфичен миг, во услови на нарушена парламентарна демократија.

„Сепак, одговорноста на АМАН е кон оние 13.000 граѓани кои го дадоа својот потпис за оваа иницијатива. Затоа, ќе ги предадеме предлогот и потписите во овој Парламент, таков каков што е, без претставници на опозицијата. И да беа внатре, немаше да биде доволно, оти, сепак, за да помине, на овој предлог му требаат гласовите на мнозинството во Собранието.

– Одговорноста сега е уште поочигледно лоцирана кај нив, и затоа очекуваме, оние пратеници и политички партии кои се на власт, како и другите две парламентарни опозициски партии, да го поддржат и усвојат предлогот на граѓаните“, соопштија од АМАН.

“Прво, нашите барања со овој предлог се скромни: да се врати дневната евтина тарифа за струјата, и да не им се наплаќа парно на оние што не го користат. Замислете, бараме да имаме право да го користиме она олеснување што сме го користеле со децении, и бараме луѓето да не плаќаат нешто што не го користат. Малку, во однос на огромните издатоци за енергенси, кои директно или индиректно ги оптоваруваат граѓаните.

– Второ, по последните случувања во Парламентот, прифаќањето на иницијативата на АМАН ќе биде добар аргумент за владејачкото мнозинство дека, сепак, легитимно ги претставува и ги брани интересите на граѓаните. А оваа иницијатива е изворно граѓанска, најдиректно е поврзана со интересите на граѓаните, и ја поддржуваат 13.000 граѓани, различни по многу основи, но обединети во маката од скапотијата“, велат во АМАН.

Nova Tv

Пунктовите се отворија граѓаните почнаа со потписи да даваат поддршка на граѓанската инцијатава против поскпаувањата, утринава први се потпишаа претставниците на невладината Аман а потоа и останатите граѓани.

24 Vesti