Граѓанското задружение Аман поднесе предлог иницијатива до Собранието за измени на законот за енергетика. Потребни се 10 илјади потписи од граѓаните па народните избраници да дискутираат на пленарна седница околу враќањето на евтината струја преку ден и никој да нема обврска да плаќа за услуги од топлификација доколку не ги користи.
Од Аман очекуваат најдоцна за една недела да добијат одговор од првиот човек на парламентот, Трајко Вељановски.
Од граѓанската иницијатива велат дека веруваат во силата на народот и преку оваа иницијатива се надеваат дека ќе успеат да се изборат за измени на законот за енергетика.
По член 71 од законот секој граѓанин или граѓанско здужение има право да предлага законски измени. Во меѓувреме, Граѓанската иницијатива Аман продолжува со протестите секоја сабота против високите цени на енергенсите, дериватите и храната.